Начинот на исхрана и вежбање на моделот Фабио Ланзони кој краси 466 насловни страници

фабио-фитнес-легенда
фабио-фитнес-легенда

Фабио Ланзони, познат како срцекршачот од 90-тите, се уште е фит како и пред 30 години. 😍

Можеби неговото име не ти звучи познато, ама имаш пораснато со неговиот лик на телевизија – распуштена коса и искинати фармерки што красат од романтични филмови, реклами за путер па се до 466 насловни корици на книги.

На возраст од 61 година, неговата коса сè уште е импресивна, неговите фармерки искинати, а телото во топ форма. 

Како Фабио успева три децении подоцна да го задржи момчешкиот изглед? 🤔

1. Комбинација од тегови и кардио 🏋

Фабио околу еден час вежба со тегови, а потоа се насочува кон кардио како трчање или стационарен велосипед. Порано повеќе се концентрирал на кревање поголеми тегови. Сега фокусот му е ставен на помала тежина со многу повеќе повторувања.

Еве како изгледа еден тренинг со Фабио: ⬇

Еднаш неделно вози вистински велосипед затоа што смета дека интензивните велосипедски тури можат да ти помогнат да изгубуш од 4-6 килограми за само неколку часа. 🚴

2. Телото е како автомобил 🚘

Ако имаш убава кола и постојано ставаш бензин и нaеднаш престанеш да ставаш бензин, автомобилот нема да функционира. 

Исто е и со исхраната и вежбањето. Ако постојано вложуваш во квалитетна исхрана и во интензивно вежбање, телото ќе функционира одлично и нема да те “остави” кога најмногу ти е потребно. 💪

3. Избегнува тестенини и роденденски торти

И покрај неговото италијанско наследство, Фабио не e љубител на италјанската паста. Многу ретко јаде тестенини, најчесто по многу интензивно кардио или велосипедска тура. 

Негов најлош кошмар се роденденските забави бидејќи луѓето го тераат да проба од тортата и тој постојано бара како да ги одбие на учтив начин. 🍰

Клучот за менталната благосостојба и здрав живот е рамнотежата на умот, телото и духот. Сите мора да работат во хармонија!

Фабио Ланзони

фабио-фитнес-легенда

3. Едноставни оброци

Оброците на Фабио се прилично едноставни:

Појадок

Овесна каша со банана и пекан

Омлет од белки со спанаќ

Ручек

Комбинација од ориз со брокула

Вечера

Лосос или аспарагус

Да се биде здрав 2 месеци во годината и да се јаде глупости другите 10 месеци не е доволно за навистина да се задржи обликот на телото.

Фабио Ланзони

фабио-фитнес-легенда

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.