Дознај каков тип вежбач си

Во изминативе две години од нашето лансирање како фитнес апликација, тимот на ФитКит имаше можност да се запознае со вежбачите ширум земјава. Научивме многу за навиките за вежбање, фитнес целите и шаблоните на однесување. Имавме можност да ги слушнеме и изговорите за пропуштените тренинзи, но и да дадеме опција да се закажат тренинзи што најмногу ќе се вклопат во распоредот и кои што со нетрпение ќе ги очекуваш.

Низ годините откривме дека имаме 4 типови на ФитКит вежбачи.

Каде ќе се пронајдеш ти?

Тип на вежбач на кој што му е важно фитнес студиото да му е близу до дома и да може да го консултира неговиот идол од детството кој што до сега е искусен и спремен вежбач. Важно му е да може да се консултира со сопственикот на теретаната за правилно изведување на вежби и правилна исхрана. Не сака голем простор и избор на справи затоа што е едноставен, а ако те види дека не се снаоѓаш или си нов, ќе се понуди да ти помогне и да ти даде совети од неговото искуство. Доаѓа и вежба без многу да ја менува рутината и да измислува топла вода, а потоа си оди дома на туш, протеин и заслужен одмор.

Доколку се пронајде во овој опис, S пакетот е најдобрата опција за тебе!

Тип на вежбач кој што нема секојдневна рутина и распоред на времето. Кај нив, никогаш не се знае времето кога почнуваат со работа и кога завршуваат. Често знаат да договараат средби и дружби со пријатели и се навикнати да имаат многу динамичен ден и живот воопшто. Овој вежбач нема да биде толку редовен доколку има фиксен термин на вежбање. Сака да има можност да смени локација на вежбање или да смени тип на активност секогаш кога е во можност — се во интерес за подобро да си го организира времето. Или знае што ќе вежба однапред или вежба според видео од фитнес тренер на Youtube или во живо. Не сака да носи многу опрема за вежбање туку доаѓа вежба, се тушира, пие протеин и си продолжува со остатокот од денот.

Доколку овој опис целосно те опишува, тогаш М е пакетот токму за тебе!

Овој тип на вежбач има многу поширока филозофија за тоа што значи добро и здраво тело. Не смета дека само вежбање, тежини, кардио и пот се знакот дека инвестираш во своето тело. Овој тип на вежбач сака и нешто повеќе од тоа. Сака да додаде време за дополнителна нега на телото умот и духот. Овој вежбач може да го сретнеш и во спа центар или во некој центар за иновативен и модерен начин на вежбање како електро-мускулна стимулација (EMS). Редовно е во тек со сите новини и покажува голем интерес како да го забави процесот на стареење, постојано стремејќи се кон квалитетен живот и животен стил сега и во позрелите години.

Ако овој карактер зборува наместо тебе, тогаш L пакетот е твојот најдобар сојузник!

Овој тип на вежбач е редок. Опседнат е со неговиот well-being. Ќе го видиш и во фитнес студио, и на јога, и во спа центар и на масажа. Сака врвна нега и има високи стандарди за тоа во каква кондиција сака да биде неговото тело и дух. Негува квалитетни животни вредности и инвестира во себе од секој аспект.

Ако сметаш дека си опседнат со твојот well-being, тогаш XL пакетот е твојот совршен партнер за постигнување на твоите цели!

П.С. Зошто да избереш 1 активност(дисциплина) кога можеш да вежбаш се?


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂