По затворањето на фитнес центрите на неодредено време и неизвесноста во фитнес и велнес индустријата, тимот на мобилната апликација ФитКит се соочи со 2 опции:
- Да се помириме и почекаме повторно да се отворат фитнес центрите
- Да најдеме решение како да им дадеме уште поголема вредност на фиткит вежбачите и инструкторите
Без размислување, избравме да се адаптираме на ситуацијата и да еволуираме како апликација.
По големиот интерес за онлајн тренинзите за деца и возрасни и talk shows организирани од ФитКит како дел од иницијативата #ВежбамОдДома, одиме на следно ниво. Направивме твоите ФитКит кредити и претплати да немаат физички граници!
Физичката оддалеченост повеќе не ти е изговор. Сега ќе можеш да вежбаш со кој тренер сакаш без разлика дали си од друг град, село или држава.
На пример, ако досега си вежбал/а на некоја локација во Битола, а отсекогаш си сакал/а да го посетиш тренингот на твојот омилен тренер од Струмица (што долго време го следиш на Инстаграм), оваа опција отсега ти е достапна само со неколку клика.
Ти го претставуваме жолтото копче — твојот фитнес водич што те носи онлајн до секоја локација за вежбање во земјата.
Со само еден клик на копчето, си букираш термин за онлајн вежбање во било која од достапните локации на ФитКит апликацијата.
Еве кои се чекорите што те делат од трошење калории со твоите омилени инструктори:
- Отвори ја ФитКит апликацијата
- Избери ја активноста што ти се допаѓа
- Букирај си термин и чувај го кодот
- Кликни ‘Следи го часот online’ за да се приклучиш во онлајн вежбалната
- Покажи го генерираниот код пред (или после) вежбањето
- Уживај во тренингот!
Ако те загрижува тоа како ќе изгледаш на тренингот од дома, немаш потреба за грижа.
Самите онлајн платформи ти даваат опција да избереш дали ќе се приклучиш во тренингот со камера и/или звук или ништо од двете, така да твојата приватност е загарантирана.
Сепак, недостатокот ако одлучиш да не пуштиш камера е дека твојот тренер нема да има можност да види како вежбаш, па нема да може доколку е потребно да те корегира во некое движење.
Истовремено, освен што како вежбач ти помагаме да ја одржиш твојата фитнес рутина, им подадовме рака и на фитнес студијата. Преку низа видео туторијали им дадовме насоки
како да организираат, сетираат и одржат онлајн тренинг и истиот да го наплатат преку ФитКит апликацијата.
Со ова, сакаме да ја поттикнеме храброста кај фитнес студијата дека технологијата е нивниот најдобар пријател за организирање онлајн тренинзи и затоа таа треба максимално да се искористи.
Затоа, секој клик на жолтото копче значи поддршка за работата на тренерите и нивната несебична посветеност кон вежбачите.
На крајот на денот, заедно сме во овој фитнес предизвик и ќе го искористиме овој период на неопходна домашна изолација за уште повеќе да го развиеме нашиот здрав и активен начин на живот.
Во меѓувреме, тимот на ФитКит ќе продолжи на иновативен начин да се адаптира на промените во фитнес индустријата, а до тогаш — се гледаме на жолтото копче!
Остани здрав и фит! 🙏
Тимот на ФитКит
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.