Лоцирано во срцето на градот Струмица, Pulse Fitness & Spa за само неколку месеци ја крена фитнес културата во градот на сосема едно ново и повисоко ниво, а фитнесот и спортувањето ги вметнаа како еден составен дел од животот на струмичани. 💪
Иако студиото се отвори само неколку месеци пред Ковид-19 кризата, сепак тимот на Pulse Fitness & Spa храбро го поднесе карантинот и се справи со сите предизвици што ги наметна епидемијата.
- Најголем предизвик за време на пандемијата, како за нас, а мислам дека истото се однесува и за другите фитнес центри е враќањето на комплетното членство, враќање на состојбата во нормала, преку превземање на дополнителни мерки за хигиена, дезинфекција и стрикно придржување до протоколите за работа. Како клиентите, така и персоналот се адаптира на новото нормално, со мали потешкотии на почетокот, меѓутоа веќе се е во таа задолжителна нормала, вели Зорица Шонтевска, менаџер за продажба во студиото.
Неколку месеци подоцна, Pulse Fitness & Spa ги отвори вратите и работи со полна пареа, почитувајќи ги сите здравствени препораки и социјалното дистанцирање и тоа: 👇
✅ намален капацитет во соблекувални и сала
✅ редовна дезинфекција на сала и справи (повеќе пати во денот)
✅ контролирање на температура на клиентите при влез
✅ носење на маски
✅ претходна резервација за тренинг
Доколку си подготвен/a да се впуштиш во акција, еве кои дисциплини ќе ги имаш на располагање во Pulse Fitness & Spa:
- Функционален тренинг
- Фитнес
- Пилатес
- Јога
- Кардио
- Спа
Во моментов, Pulse Fitness & Spa се домаќини на Фит Биз Академијата каде несебично помагаат и поттикнуваат продукција на нови фитнес инструктори.👏
Со оглед на тоа дека на пандемијата не ѝ се гледа крајот, од Pulse Fitness & Spa велат дека максимално ќе продолжат да се придржуваат до протоколите за работа, постојано ќе ги информират клиентите за сите новости, ќе вршат засилена дезинфекција и на објектот и контрола при влез на температурата на секој од вежбачите.
-Oстанете здрави, бидете фит и не заборавајте да ги почитувате мерките и протоколите за заштита од Ковид-19! 🙏
Ако сакаш да вежбаш во еден од најмодерните фитнес центри во земјава, посети го студиото на Pulse Fitness & Spa што се наоѓа на улицата „Ленинова” број 44 (во склоп на трговскиот центар Глобал) во Струмица.
Ако ти требаат повеќе информации за тренинзите и распоредите за вежбање, пиши им на Фејсбук и не заборавај да го заследиш нивниот Инста профил (@pulsefit.mk).
Време е за акција дечки, се гледаме во сала! 😎
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.