Како Оливија Њутн Џон од Брилјантин го победи ракот со активен и здрав начин на живот?

Olivia Newton-John

Ако си го гледал/а Брилјантин, сигурно се сеќаваш на згодната Сенди која танцуваше и пееше со Џон Траволта? Дури и на свои 73 години, Оливија Њутн Џон ја има задржано својата витка става. 😍

Неодамна, таа докажа дека здравиот и активен начин на живот се одличен сојузник против канцер кој таа три пати го победува веќе три децении.

4 тајни за животниот стил на Оливија Њутн Џон кои ги следи без пардон

☑ Консумирање исклучиво органска храна

Ѕвездата на Брилјантин многу внимава што точно внесува во своето тело, особено по 30 години интензивна борба со ракот. Органско овошје, свеж зеленчук и храна без адитиви и конзерванси се неизоставен дел од нејзината трпеза. 🥑

Освен храната, Оливија користи органска козметика и есенцијални масла.

Начинот на кој секојдневно покажувам љубов кон себе е со тоа што свесно го сакам своето тело додека ја нанесувам мојата нега на кожа и есенцијалните масла. Никогаш не ги прескокнувам овие чекори бидејќи сфатив колку длабоко ги исцелуваат мојот ум, тело, срце и дух.

☑ Учествувај во активност во кои уживаш

Наместо да се форсира со тренинзи кои не ѝ лежат, Оливија најчесто се релаксира со долги прошетки во природа.

Бидејќи долго време си ги запоставувала роднините и пријателите поради кариерата, ја користи секоја прилика да се види со нив и заедно да трошат калории.

☑ Поминувај време во природа

Скролањето на социјалните медиуми стана наша секојдневна рутина. Но, што со редовното дишење на чист воздух, активност што ни е малку и ограничена со оглед на загадениот воздух во зима?

Токму поминување времето во природа е одморот за Оливија од сите екрани што секојдневно ги користи. 💻

Olivia-Newton-John

Во свет полн со електроника и екрани, чувствувам дека е од витално значење поврзувањето со природата да стане редовна практика – тоа помага да се стопи секоја напнатост што ја чувствувам. Првата работа што ја правам кога ќе се вратам дома по турнеја е да одам боса со нозете на земја за да ми се врати енергијата. 🌸

☑ Секој ден посвети си еден час за себе

Грижи се за семејството и пријателите, но секогаш стави се себеси на прво место. Ако секогаш гледаш да им угодиш на другите и заборавиш да си се посветиш на себе, ова може да предизвика сериозни здравствени проблеми подоцна во животот.

Без разлика дали се работи за медитација или релаксирачка бања, ако си дадеш барем еден час дневно за работи што сакаш да ги правиш, ќе живееш посреќен и поздрав живот.

Создавањето секојдневни ритуали за да се негувам себеси стана здравствена навика за која не може да се преговара. Кога не го започнувам денот со физичка активност, дишење или медитација, се чувствувам вознемирено.

Olivia Newton-John

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.