Марија од 20 Minutes: Со електро-мускулна стимулација за 20 минути ќе замениш 3 тренинга!

ФитКит провајдер за време на Ковид — 20 Minutes студио Скопје

Ако постојано си во трка со времето, а сакаш да постигнеш брзи фитнес резултати, тренинзи со електро-мускулна стимулација (ЕМС) можеби се вистинското нешто за тебе.👇

ЕМС или електро-мускулна стимулација е иновативна фитнес технологија која испраќа мали и безболни електрични импулси диреткно до мускулите, зголемувајќи ги нивните природни контракции. На овој начин секој тренинг станува повеќекратно ефикасен.

Оваа модерна фитнес технологија можеш да ја најдеш во студиото 20 Minutes во Скопје.

Тренинзите се изведуваат индивидуално со помош на персонален тренер, кратки се и траат по 20 минути. ⏳

Она што го издвојува овој тренинг од другите е тоа што 20 минутно вежбање со електро-мускулна стимулација е еднакво ефикасно како 3 тренинзи од 90 минути со средна тежина, a има и до 18 пати поголем ефект од обично вежбање во теретана. 😍

ФитКит провајдер за време на Ковид — 20 Minutes студио Скопје

И покрај тоа што нашиот тренинг е со ЕМС елекот, сакаме да понудиме на клиентите да извежбаат 20 минутен тренинг за време на работната пауза. Сметаме дека така се заштедува на време, а секако и времето е многу паметно искористено кога некој вложува во себе. Најголем предизвик е да допреме до свесноста на луѓето дека и за време на пандемија треба да се грижат за своето психо-физичко здравје, да го зајакнат имунитетот и повеќе да се активираат хормоните на среќа — серотонин и допамин, вели Благица Ацковска, тренер во студиото.

Со оглед на тоа дека вежбите со ЕМС елекот не можат онлајн да се изведуваат, од 20 Minutes велат дека максимално ги почитуваат сите здравствени протоколи и препораки:

✅ Тренинзите се 1 на 1 каде што инструкторот носи маса, клиентот не;

✅ Тренинзите се закажуваат на 1 час за да не се сретнат вежбачите;

✅ Се врши постојаната дезинфекција и проветрување на студиото.

Сакаме клиентите да нè препознаваат по високата хигиена, квалитетот на изведување на вежбите и френдли пристапот кон потенцијалните клиенти.😊

ФитКит провајдер за време на Ковид — 20 Minutes студио Скопје

Освен иновативни тренинзи со ЕМС елек, еве кои други дисциплни можеш да ги вежбаш во 20 minutes: 👇

  • Функционален тренинг
  • Фитнес
  • Аеробик
  • Кардио
ФитКит провајдер за време на Ковид — 20 Minutes студио Скопје

А за да почнеш да тренинраш во студиото на 20 Minutes:

🚶Посети ги на улицата „Рузвелтова” број 30/3 во Скопје

👍 Следи ги на Инста — @ems20.mk

📝 Пиши им на Фејсбук — 20 Minutes

Ќе продолжиме да бидеме креативни и да работиме паметно. Пред сè, ќе бидеме доволно флексибилни на промените што нè очекуваат. Затоа апелираме до вежбачите да најдат 20 минути по 2 пати во неделата и да се погрижат за своето психо-физичко здравје. 🙏


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.