Модерен објект, опремен со стил, современи финтес справи и стотици задоволни клиенти.
Со ова може да се пофали скопското студио Star Gym кое што веќе речиси две години покажува како треба да изгледа и функционира еден фитнес центар. 👌
Иако не успеале да им понудат онлајн часови на вежбачите поради малиот интерес за вежбање од дома, 😷 сепак почекале да се смири ситуацијата, за повторно да ја отворат салата со запазување на сите здравствени протоколи.
Лимитираната бројка на клиенти и потребата за закажување термин пред да се дојде на тренинг, се се уште најголемите предизвици за тимот на Star Gym.
Под мотото Believe in yourself!, Star Gym со нови сили продолжува позитивно да ги изненадува своите членови кои што се во потрага по современ фитнес центар кој ќе им го пружи најдоброто искуство.
Ова се дисциплините што можеш да ги тренинаш во салата на Star Gym:
- Фитнес
- Кардио
Мејди Синани, директор на фитнес центарот објаснува каква е сегашната процедура за вежбање во Star Gym: 👇
- Задолжително закажување термин за вежбање
- Капацитет од најмногу 20 вежбачи истовремено
- Дезинфекција на раце и обувки при влез во објектот и во салата
- Носење чисти обувки и прешкир
- Дезинфекција на справи пред и после вежбањето
За оние кои што се скептични да вежбаат во затворена сала, од Star Gym со добра вест — наскоро се планира формирање теретана и на отворено! 😍
Ако сакаш да вежбаш во најсовремени фитнес услови заедно со дечките од Star Gym: 😎
- Посети го студиото на адреса „Тале Христов” број 2 во Бутел во Скопје
- Следи ги на Инста — @stargym.mk
- Контактирај ги на Фејсбук — STAR GYM
Скопјани, ајде да се размрдаме малку! 💯✅
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.