Надица за себе ќе каже дека не се ни сеќава да нема вклучено спорт во својот живот. Таа е поранешен атлетичар, а денес HIIT тренер во Работнички Адора. Нејзината Burn It Up програмa се состои од вежби кои ќе ти помогнат да ја подобриш твојата сила, издржливост, кондиција и да ги стигнетш твоите фитнес цели.
Програмата содржи и практични совети кои ќе ти помогнат да креираш здрави навики поврзани со исхраната и со начинот на живот и како да ги одржиш истите во секој момент. Големата пасија која ја има кон фитнесот и љубовта кон движењата на телото е она кое и помага во креирање на разновидни тренинзи. Таа тврди дека после секој тренинг ќе се чуствуваш посилен, поиздржлив и ќе научиш некое ново движење кое твето тело ДА го може!
За себе вели дека го обожава чувството кога предизвикува луѓе да преминат преку своите лимитирачки граници и да ги осознаат сите можности кои им ги нуди нивното тело. Фитнесот комбиниран со здрава балансирана исхрана е нејзин начин на живот. Заедно ќе го креираме и твојот начин. Предизвикај се себе си и заедно со Надица ќе стигнеш до твојата цел. Дали твоето тело може? Да може!
Процесот е следен:
- Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
- Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
- За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.