Некои ја сакаат некои не ја сакаат. Те потсетува дека си направил нешто добро за телото и дека си потрошил калории, но понекогаш знае да биде и непријатна — особено ако си почетник. Болката или воспалението во мускулите е честа појава и за луѓето кои имаат редовна физичка активност и особено за луѓето кои ја немаат и се почетници во светот на вежбањето. Постојат неколку докажани методи за побрзо намалување на болката и консолидирање на воспалението:
Cool-Down рутина
Истегнување после вежбање е еден од добро познатите методи за да се намали воспалението и да се релаксираат мускулите, особено ако се работи за тежински тренинг или функционален тренинг. Тоа не значи дека треба да се протегнеш 1 минута и да одиш. Всушност и најдобриот период за да ја вежбаш и зголемуваш твојата еластичност е после вежбање затоа што телото е најзагреано.
Исто така добра пракса може да ти стане и медитација, затоа што ќе му даде екстра релаксирање и консолидирање на телото и мускулите.
Прочитај ја целата статија на следниот линк.