Кога ќе прифатите активност со слободни движења, не само што ќе имате придобивки за физичкото здравје туку и многу повеќе од тоа. Луѓето со векови практикуваат физичка активност со слободни движења, но идејата за движење без структура е нов концепт. Во животот често си зацртуваме да следиме одреден план со структура, но понекогаш можеби е подобро да отстапиме од планот и само да уживаме во пријатни движења.
Ако не обожавате да вежбате, најдобро би било да почнете така што само ќе бидете активни. Запомнете, и мало раздвижување е подобро отколку воопшто да не сте активни, а има толку многу активности што може да ги пробате и што се различни од едноличните вежби како што се трчањето и возењето велосипед. Еве неколку начини како да бидете поактивни дома или надвор…
Танцување
Сè што ви треба е музика. Пуштете го телото да се движи во ритамот на начин што ве прави да се чувствувате пријатно. Има толку многу часови по танцување што може да ги посетувате: зумба, балет или хип хоп, или, пак, танцувајте дома! Целта е да се движите и да го фатите моментот, да уживате во музиката и околината.
Дознај за уште 5 начини да го освежиш твојот тренинг од постот на нашата веб страна.