Среда 18:30 – време за собир на многу различни луѓе во една кафана – фит кафана. Главна на менито е заедничката цел, да напредуваме. Докажавме дека прогресот не секогаш е напорна работа а уште помалку невозможна. Гостите се собираат, мерките се запишуваат… Неизвесност го демнее секој од нас. Се прашуваме кој ќе биде победникот за оваа недела додека Мими, Марче и Мони вешто калкулираат со цифрите. Низ смеа и дружба до едукација и напредок.
Не толку весел беше Андријано кој оваа недела гордо го превзема тронот за влошен резултат и казна од 50ден. За среќа насмевката на победникот Александар беше доволно голема за утеха на Андријано. Се надеваме дека аплаузот и фалбите кои ги доби нема да го наведат Аце да се опушти. Сепак, остануваат уште 3 недели и борба за конечниот победник, кој ли ќе биде тоа? Буџетот се поднаполни уште со некоја стотка од изостаноци што ја прави крајната победа се’ послатка. Останува да видиме… #StayTunned
Овде пријави го своето учество за следната група и првата инфо кафана 😊