Соња од Body & Beyond: Не дозволувајте стравот од Ковид-19 вирусот да ве отргне од здравиот…

ФитКит провајдер: Body & Beyond од Скопје

Стомак или задник? Повеќе не мораш да избираш затоа што можеш да ги таргетираш сите мускулни групи со само една справа — пилатес справата Реформер.

Вежбањето на Реформер претставува најцелисходен и најефикасен тренинг на денешницата, а оваа дициплина можеш да ја пробаш во студиото на Body & Beyond. 👈

Станува збор за пилатес справа која се состои од подвижна платформа и повеќе федери со различно ниво на отпор. Вежбите се изведуваат во лежечка, седечка, клечечка или стоечка положба, со примена на различен отпор зависно од вежбата и физичката способност на клиентот, како и со примена на одредени реквизити во одредени ситуации.

Она по што особено се истакнува вежбањето на Реформер е што самата справа ги активира не само површинските, туку и најтешко достапните мускули кои често се запоставуваат при другите методи на вежбање. 💪

ФитКит провајдер: Body & Beyond од Скопје

Под мотото Интелектуално вежбање за долгорочни резултати, студиото започна со работа откако беа создадени услови за повторно отворање на вежбалните и фитнес клубовите.

За помалку од половина година од своето основање, Body & Beyond може да се пофали со неочекувано големиот интерес за нешто што е ново и непознато на овие простори, особено во услови на пандемија кога луѓето поради страв ги намалуваат контактите со други. 🙌

Соња Антовска, сертифициран инструктор за Stott Pilates Reformer, објаснува дека со оглед на тоа што вежбите можат да се изведуваат само на пилатес справата Реформер, можноста за организирање на онлајн часови останала исклучена.

Најголемите предизвици со кои што се соочуваме се одржувањето само на персонални и полу-персонални часови, односно намалувањето на бројот на клиенти кои студиото може истовремено да ги опслужи се наметна како единствена опција заради спречување на понатамошно ширење на Ковид-19 вирусот. 😷

Соња објаснува каква е процедурата за вежбање во студиото со цел да им се обезбеди безбедно и квалитетно трошење на калории на своите клиенти: 👇

Согласно протоколите, клиентот најпрво проаѓа низ поставена дезoбариера на влезот на студиото, му се мери температура со безконтактен топломер при што му се забранува влез доколку се утврди покачена температура, a во текот на целиот тренинг на располагање му се ставени средства за дезинфекција на рацете. Пилатес справите за вежбање се поставени на соодветна оддалеченост и истите се дезинфицираат после секое нивно користење. Вработените носат заштитни маски во текот на работното време, а просториите редовно се проветруваат.

ФитКит провајдер: Body & Beyond од Скопје

Доколку сакаш да му се придружиш на тимот на Body & Beyond и да пробаш нешто ново и возбудливо: 😎

Не дозволувајте стравот од Ковид-19 вирусот да ве отргне од здравиот животен стил кој го водите. Редовното вежбање, меѓу другото, го зајакнува имунитетот и го намалува стресот, а со тоа ви помага да останете здрави и физички и психички. 🙏


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.