Амбициозна, енергична и секогаш подготвена да го даде најдоброто од себе. Запознајте ја Александра Ангеловска, нашиот ФитКит херој на неделата.
Insanity програмата што ја нуди Kinetics Fitness Studio бил нејзиниот прв тренинг закажан преку ФитКит. Од тој момент, Александра вежба неколку пати неделно, а кардио тренинзите се начинот на кој што си ги полни батериите.
-Најмногу сакам кардио тренинзи, бидејќи се одличен издувен вентил и начин да го раздвижиш секој дел од телото, особено ако работното место ти е со постојано седење пред компјутер.
Физичката активност ѝ помага да ја максимизира својата продуктивност, а закажувањето на тренинзи преку ФитКит и го олеснува процесот.
-Ми се допаѓа што можам да комбинирам тренинзи и да си одберам термин кој мене најмногу ми одговара и на место кое што ми одговоара. Навистина кумулативна апликација која нуди широк спектар на места и термини, со која можеш да вежбаш кога сакаш, што сакаш и каде сакаш.
Како дел од IT Labs, Александра вели дека воведувањето на активен живот како дел од бенефициите за вработени ќе биде уште една потврда дека компанијата во нив инвестира.
-Вработените имаат чувство дека компанијата навистина се труди и вложува не само во нивниот професионален развој, туку се грижи и за нивното здравје и вложува и се труди да ги мотивира со активности надвор од работните часови.
Александра со порака за нејзините колеги што постојано наоѓаат изговори дека немаат време за вежбање:
-Be stronger than your excuses! Мал прогрес секој ден води кон големи резултати. Никогаш не е доцна да се почне со вежбање. Само треба упорност, воља и мотивација. Доколку се почне постепено и не се откажуваме, веднаш нашето тело ќе бара уште повеќе и уште повеќе. На тој начин, ќе стекнеме кондиција и рутина за вежбање.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂