Фитнес инспирација наоѓа во луѓето што постојано вложуваат во физичкото и менталното здравје и покрај секојдневните предизвици. Онлајн тренинзите се нејзино секојдневие затоа што не може да си го замисли денот без убавото чувство што го дава вежбањето. 💪
Запознајте ја Јана Ничота-Величковска од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Првиот тренинг што го закажала преку ФитКит апликацијата е Pain Relief во студиото Бранимир и Бранкица. Од тој ден, редовно ја користи апликацијата за да си закаже вежбање во нејзиниото омилено студио.
Кога почнав да ја користам апликацијата се приклучив во групата за Pain Relief на Бранимир и толку многу ми се допадна што продолжив таму да вежбам. Овој тренинг многу ми се допаѓа затоа што се фокусира на вежби за вратот и грбот што особено страдаат кога работата ни е поврзана со стол и компјутер. Со редовното вежбање се чувствувам одлично во текот на целата недела и седењето долги часови пред компјутер не ми претставуваат повеќе никаков проблем. 💻
Додека голем дел од нејзините колеги го преферираа Нетфликс наспроти вежбање за време на пандемија, Јана беше позитивен пример како да се извлече најдоброто во секоја ситуација, а ФитКит апликацијата во сето тоа ѝ беше одличен сојузник.
Почнав да вежбам онлајн, од дома, прво со програми што сама ги наоѓав, а потоа и со апликацијата FitKit. Претходно секогаш ми се допаѓаше вежбањето во група во посебен простор наменет за вежбање. Колективната енергија што се создава во група не може да се спореди со индивидуалното вежбање пред екран.
Кога не може да вежба во сала, онлајн часовите се најдобрата алтернатива за Јана.
Онлајн тренинзите за време на оваа криза станаа неопходност. Не секој се чувствува комотно да се приклучи на вежбање во сала и покрај тоа што се запазени сите безбедносни протоколи. На почетокот и мене ми беше потребно време да се прилагодам на новиот онлајн концепт, но сега се чувствувам одлично за време на тренинзите. Се сеќавам дека на првите часови не се чувствував пријатно да ја вклучам камерата, но брзо се навикнав. Она што го гледам како дополнителен позитивен аспект на онлајн тренинзите е тоа што не се губи времето во спремање на ранец или да се пристигне на локацијата точно на време.
Кога ја мрзи да вежба се потсетува на чувството што го добива по вежбањето. 😍 Тоа секогаш ѝ е и повеќе од доволна инспирација да стане од каучот.
Како вработена во компанијата Allocate Software вели дека физичката активност е многу важен аспект од здравиот животен стил, затоа компаниите треба да вложуваат директно во здравјето на своите вработени и на тој начин да покажат дека водат исклучителна грижа за нив.
ФитКит апликацијата е одлична алатка за одржување на здравите навики во вежбањето, пред се, заради флексибилноста на закажувањето термини. Не секогаш динамиката на обврските ни остава простор да имаме два фиксни дена за вежбање како што е најчесто практика со тренинзите. ФитКит дозволува да одбереш термин кој ти одговара, но и нуди шанса да вежбаш различни програми и да направиш комбинација на вежбање што ти одговара. Ако сакаш подинамично кардио вежбање можеш да одбереш зумба, а ако сакаш побавно вежбање со повеќе истегнување и можеш да одбереш јога или пилатес. 🧘
За да дознаеш повеќе за Јана: 💃
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Jana Nichota
Секогаш се наоѓа време за вежбање.⏰ Треба да помислиме на сите позитивни придобивки од вежбањето – повеќе енергија, стануваме побрзи, поагилни, ја снемува болката во вратот и грбот. Не треба да имаме изговори за да почнеме со вежбање – треба да се решиме и да почнеме со вежбање од ДЕНЕСKA!
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.