ФитКит Херој на Неделата: Теодора Стефановска

Теодора-Стефановска

Обожава да вежба пилатес бидејќи смета дека е преубав спој на елементи од фитнес и јога. Се радува на секој нов тренинг, а нејзината супер моќ е во тоа што може да јаде само јаболки цел ден. 🍎

Запознајте ја Теодора Стефановска од Тетово, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Се вљубила во пилатесот уште по првиот тренинг со Ивана Каратукова од студиото на Powerhouse Pilates

Од тогаш, пилатесот е неизоставен дел од нејзиното секојдневие, а ФитКит апликацијата ѝ е најдобар сојузник во остварување на нејзините фитнес цели.

ФитКит апликацијата е многу лесна за користење и доста информативна. Тоа е платформа која што ти дозволува да вежбаш на повеќе места без потребата да се претплатиш на едно фиксно место. Ти ја дава можноста да пробуваш различни места и тренинзи додека не најдеш нешто што ти одговара. 😎

Како се мотивира Теодора кога ја мрзи да вежба? 😄

Со тоа што знам дека секогаш после вежбање се чувствувам многу подобро отколку пред да почнам, без разлика колку ќе се измачам за време на тренинг.

Кога не успева да стигне во сала, онлајн тренинзите се нејзината алтернатива.

Мислам дека онлајн вежбањето е многу корисно, особено со оглед на моменталната ситуација. Ова е супер начин како да останеш во форма!

За да дознаеш повеќе за Теодора: 💃

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Teodora Stefanovska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @tea.stefanovska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Teodora Stefanovska

Дури половина час од денот поминат во физичка активност може да направи голема разлика. Вежбањето не мора секогаш да значи интензивен тренинг. И обична прошетка е сосема доволна. 🚶

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.