Храбар, одлучен и отворен за предизвици. Неодамна направи драстична промена во начинот на живот, а тоа му донесе целосна трансформација во физичкиот изглед и психичката благосостојба. 💪
Запознај го Огнен Лазаревски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Првата активност што ја закажа преку ФитКит апликацијата е пливање, но сепак најмногу се пронаоѓа во бодибилдингот, бидејќи смета дека трудот и заложбата имаат впечатлив визуелен ефект. 🏋
Фитнес идол е жена му, 💃 а за да се фрли во акција и да вежба се мотивира на следниов начин:
Кога ме мрзело да вежбам, никогаш не сум се покајал по тренинг. Feel good чувството што го добиваш после вежбање е незаменливо. 😁
Како вработен во компанијата Valtech, вели дека физичката активност прави голема разлика во енергија и продуктивноста што ја носиш на работното место.
Дефинитивно чуството на поддршка за водење на здрав живот придонесува за целокупната слика на компанијата која во фокус го става моторот на компанијата, а тоа се луѓето. 👔
Огнен ретко практикува онлајн тренинзи, но смета дека треба да се секому достапни.
A eве што им препорачува на колегите што постојано велат дека немале време за вежбање:
Има време за се! Навиката се стекнува со козистентност и мотивираност. Би им препорачал на моите колеги најпрво да ја најдат својата мотивација. Тоа може да биде отргнување од лоши мисли или пак промена на начинот на живот. Важно е секој сам да го најде она што ќе го инспирира да вежба. 🏋
За да дознаеш повеќе за Огнен: 😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Ognen Lazarevski
📸 Пиши му на Инстаграм: @ognengineer
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ognen Lazarevski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.