Веќе 4 години, фитнес центарот Лазариус е познат по учеството во натпревари и многубројни награди по бодибилдинг и фитнес во нашата држава. Успехот се должи на професионалните програми што ги нуди студиото по фитнес, пилатес и кардио тренинзи.
Фитнес инструкторот Кире Лазаров сподели дел од успесите на студиото Лазариус, велејќи дека секоја година ги поместуваат границите на невозможното.
-Како студио, најмногу се гордееме со достигнувањето на нашиот вежбач Костадин Симов кој што беше избран за Атлета на Македонија 2019 година. Учествувавме во Куп на Македонија и Атлета на Македонија три години по ред. Дел сме од IFBB Diamond cup 2 веќе години по ред, а редовно земаме учество и во Купот на Србија и во Европското првенство за бодибилдинг и фитнес.
Фитнес центарот Лазариус ги руши стереотипите дека практикувањето тежински тренинзи е само за мажи. Напротив, се обидува да ја крене свеста за тоа дека (поради разликата помеѓу машките и женски хормони) девојките кои што креваат тегови не можат да изградат посериозна мускулна маса како мажите, туку само се чистат и тонираат. Со кревање тегови, жените многу брзо може да забележат промени во формата на телото, а како резултат на тоа и зголемување на самодовербата.
Поради големиот интерес за вежбање, од Лазариус со најава:
-Ќе го прошириме просторот, ќе воведеме нови дисциплини и нови справи, а наскоро на вежбачите ќе може да им понудиме и парна бања и сауна.
Доколку те инспириравме да му се придружиш на тимот кој што колку повеќе вежба, толку повеќе медали добива, те покануваме да го посетиш центарот на Лазариус што се наоѓа во склоп на спортскиот центар Гемиџии во Велес.
За да бидеш во тек сите новости на фитнес центарот Лазариус, следи ги на следниве социјални мрежи:
Instagram: @fitnesscentar_lazarius
Facebook: Fitness centar Lazarius
Лазариус е дел од ФитКит фамилијата.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂