Да се вежба online и да се постигнат резултати од дома е еден од најголемите предизвици со кои што се соочивме во нашето 7-годишно постоење како фитнес студио, вели Хајди, тренер во штипското студио GetFit.
На почетокот, вежбачите беа навистина разочарани, но храбро го прифатија овој нов предизвик, се опремија со реквизити и започнаа со тренинзи од дома, објаснува таа. 🏠
Мотивација и желба за трошење калории имало за извоз. Само интернет конекцијта понекогаш ја расипувала забавата. 😣
Најголем страв беше дека постои можност да снема интернет бидејќи самата мрежа беше премногу оптеретена. Се случуваше понекогаш кај некој да снема интернет и да се вклучи повторно. Секако, предизвик беше да си докажеме на самите себе, а и на останатите дека каде и да се одвиваат тренинзите — резултати ќе има! Трудот се исплаќа секогаш! Во тоа и успеавме 4 активни месеци вежбавме од дома online. 💪
Еве како изгледале онлајн тренинзите на Хајди:
Тренингот траеше 60 минути. Се користеше апликацијата Zoom. 5 минути пред тренинг се вклучуваа членовите и се објаснуваше како ќе тече часот.
Моментално, тренинзите се држат на отворено, па доколку сакаш да ѝ се придружиш на енергичната Хајди, ова е нејзиниот Инста профил @trainwithajdi 👈 каде што ќе добиеш одговор на се’ што те интересира за вежбањето на отворено.
Со оглед на тоа дека оваа ситуација ќе продолжи, од студиото разгледуваат неколку опции — поголем простор во кој ќе може да вежбаат повеќе членови или продолжување со online тренинзи.
А штом се отворат вратите на GetFit студиото, еве кои дисциплини ќе ги имаш на располагање:
- Функционален тренинг
- Фитнес
- Аеробик
- Кардио
- Kangoo Jumps
Хранете се здраво и да вежбајте задолжително! Мислете позитивно, бидејќи со позитивна мисла можеме да решиме се! Ќе дојде крајот и на оваа ситуација но да се потрудиме да извлечеме максимум од сето ова и да веруваме во себе!, охрабрува Хајди. 🙏
Драги вежбачи, се гледаме под отворено небо! 🌞
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.