Хајди од GetFit: Подобро онлајн тренинг, отколку ништо!

Оптимистички настроена и секогаш подготвена да преземе ризик, Штерјова Хајди од штипското GetFit студио е еден од оние тренери што не почекаа ни ден за да ги префрлат своите фитнес тренинзи онлајн. 🙌

Убедена дека онлајн часовите ќе бидат уште едно позитивно искуство за сите вежбачи, таа уште на 16 март, денот кога започнаа здравствените рестрикции, веднаш почна со организирање онлајн тренинзи со помош на Zoom апликацијата.

-Вежбачите се прилагодија многу брзо. Првите неколку дена беа специфични додека да научат како функционира еден онлајн тренинг, но сега немаме никаков проблем. Не очекував дека ќе ја добијам довербата на голем број на луѓе кои се на мојот 12 неделен предизвик. На почетокот, планирав само една група, но се формираа 2 групи. Веруваа во мене, беа спремни за резултати и еве ги — работат на себе и веќе имаме и резултати. Тоа многу зборува за нивната посветеност и резултат во овој карантин.

GetFit workout

Според Хајди, една од најголемите предности на онлајн вежбањето е тоа што на часовите се приклучиле многу мајки кои што досега немале на кого да ги остават децата за да дојдат да вежбат во сала. Дури и нивните мали дечиња им се придружиле да вежбат со нив по дома. 😎

Хајди е оптимист дека сѐ повеќе ќе расте интересот за онлајн тренинзи кои што можат да бидат исто толку ефективни како и оние во сала.

-Сакав да им докажам на вежбачите кои што се дел од мојот предизвик дека за 1 месец ќе имаат видливи резултат и успеав во тоа. Сега се мотивирани како никогаш досега!

Хајди организира тренинзи по аеробик и Total Body Workout, а ФитКит апликацијата е нејзиниот асистент за да ја наполни онлајн салата до максимум.

-Освен што може да ги промовирате моите тренинзи и ставови во врска со фитнесот, од ФитКит може да научиме и многу други работи. Постојано се дискутира за разни теми кои се поучни и верувам дека секој, па и јас, ќе научи нешто. Никој не се родил со знаење и не постои таков човек што знае сѐ! Кога се надоградуваме едни со други е секогаш подобра опција.

GetFit workout equipment

За крај, Хајди со апел до колегите инструктори што уште не почнале со онлајн тренинзи:

-Да се фатат за работа, бидејќи можеби ќе бидат нечија мотивација во иднина. Било која активност да ја работат ќе биде подобро одколку ништо. Кога сакаме — можеме сѐ! Треба само да имаме идеја и цел и да се стремиме кон нејзино остварување. Трудот секогаш ќе се исплати на крајот!

За да бидеш дел од онлајн тренинзите на Хајди ќе ти требаат 2 кредити и еден клик на жолтото копче на GetFit центарот. 💪

За повеќе детали за онлајн активностите на GetFit студиото и незапирливата Хајди, следи ги на социјалните мрежи Facebook и Instagram.


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.