Иако салата за вежбање треба да биде место каде што се полниме со енергија и на кратко бегаме од реалноста, често има работи или луѓе што ќе те извадат од такт. 😤
Да започнеме со луѓе што ти одат на нерви. Тоа се луѓе кои што со своето специфично однесување ти го прават вежбањето вистински кошмар.
Секој кој барем месец дена вежбал, сигурно ги има сретнато следниве иритирачки ликови: 😒
⛔️ Вежбач кој прави постојана врева (непотребно);
⛔️ Вежбач кој остава влажни траги од пот на секој реквизит (а не му текнува да си земе пешкир со себе);
⛔️ Вежбач кој доаѓа во сала само за да направи добра слика за Инста;
⛔️ Вежбач кој дели совети на сите (без да биде прашан);
⛔️ Вежбач кој ја држи справата зафатена, а не вежба (најчесто се слика или прави муабет);
⛔️ Вежбач кој ги расфрла алиштата низ целата соблекувална и се однесува како тоа да му е домашна соба;
⛔️ Вежбач кој при тренинг испушта звуци како да го колат.
Не се само луѓето. И самото опркружување и тренинзи може да те извадат од такт.
Eве кои се оние однесувања кои што на еден фитнес ентузијаст како Моника Габерова ја вадат од такт: 👇
Преполни соблекувални се непријатна ситуација во и надвор од пандемија. Mногу често на соблекувалните се посветува малку внимание, па се случува да не се во најдобра форма, да не се чисти и да мирисаат. Исто така, друг момент кој ми пречи се тренери кои не посветуваат внимание на вежбачите. Ова се случува најчесто при групни тренинзи или студиа каде што има тренер. Многу почетници, па дури и поискусни вежбачи на кои немало кој да им покаже како се изведуваат вежбите, прават погрешни движења. Ова носи ризик за повреди, а и делумно потрошено време со оглед на тоа што не се активираат правилните групи на мускули при изведување на вежбите. Затоа е многу важно тренерот да ги увиди и корегира овие грешки.
Еве уште неколку работи што ги иритираат вежбачите, а инструкторите и персоналот можеби и не се свесни за тоа:
❎ Нередовно одржување на реквизити (особено оние кои веќе фатиле и прашина);
❎ Групен тренинг кој почнува со задоцнување поради тренер или вежбачи што доцнат;
❎ Персонал кој зборува гласно и долго на телефон;
❎ Прегласна, претивка музика или ужасен избор на песни (кои што воопшто не стимулираат);
❎Неорганизираност на теговите кои се оставени насекаде;
❎ Нечисти соблекувални и шкафчиња без клуч; 🔐
❎ Недостиг на сапун за време на пандемија;
❎ Тоалети без тоалет.
Освен овие детали, периодов на вежбачите им треба многу повеќе за да се чувствуваат посигурно кога тренираат за време на пандемија. 😷
Прво, намален капацитет на групите и доволно простор за изведување на вежбите со најмал можен близок контакт помеѓу вежбачите. Онлајн вежбањето не е веќе новитет, ама многу студија не го практикуваат. Со ова се губат многу потенцијални клиенти. Добра програма за вежбање од дома и малку појак маркетинг за истата се супер тактика, вели Моника.
Наместо фитнес центрите да седат со скрстени раце и да оставаат се на случајноста, еве што можат да направат за да бидат попривлечни за вежбачите:
Добра локација и добро и чисто уреден простор се приоритет. Второ е константна и структурирана програма и едукација за вежбање и исхрана. Не само што би ги задржале вежбачите подолго време, туку тоа и го олеснува процесот на почнување со вежбање за секој вежбач.💪
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.