-Се плашевме дека нема да има заинтересираност за онлајн часови од пошироката популација, но се случи сосема спротивното — добивме посветени вежбачи што уживаат да ја одржуваат фитнес рутината во комфорот на својот дом, вели Ѓорѓи Спасов, фитнес тренер во Play Fit Move.
Ѓорѓи почнал да организира онлајн часови по Functional Fitness пред 1 месец, користејќи ја платформата Zoom.
Сепак, самиот трансфер од сала пред компјутер дошол со свои предизвици.
-Онлајн вежбањето има многу предности — имаш време да вежбаш кога сакаш и домашна удобност. Сепак, најголем предизвик за одржување на онлајн вежбање за мене како тренер е интернет конекцијата, а за моите вежбачи е недостигот од реквизити. Сѐ уште е тешко да се привлечат нови онлајн вежбачи, но го вадиме максиумот од ситуацијата. 🥊
Ѓорѓи останува оптимист. ФитКит апликацијата му помага дополнително да се “слушне” за неговите онлајн тренинзи, а потоа, преку Инстаграм и Фејсбук профилите да ги привлече и анимира вежбачите и да им покаже дека вежбањето од дома ќе помогне да останеме активни и во добра форма се до повторното отворање на салите.
А за неговите колеги што сѐ уште се скептични за да стартуваат со онлајн часови, Ѓорѓи со апел:
-Не двоумете се да започнете со онлајн тренинзи!
За да бидеш дел од онлајн тренинзите на Play Fit Move студиото и енергичниот и динамичен тренер Ѓорѓи те охрабруваме да го посетиш жолтото копче на Play Fit Move. 💪
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.