5 реквизити што ќе го претворат твојот дом во фитнес центар

jumping rope fitness
Photo credits: https://gadgets-reviews.com/

Познато ли ти е онаа чувство кога ти се вежба, ама некако те мрзи да го вклучиш компјутерот за да гледаш видеа со вежбање?

Си велиш дека кога би имал/а фитнес реквизити дома кo во теретана, постојано би вежбал/а.

Но, што ако можеш да искористиш неколку едноставни домашни реквизити кои што ќе ти овозможат различни можности за вежбање во твојот дом.

Дали тогаш твоите изговори би паднале во вода? 😳

Сигурно се прашуваш дали импровизирање со домашни реквизити ти е добра идеја?

И да и не.

Доколку немаш тегови, шишиња вода ќе ти завршат работа. 👌

Дури и голем број од фитнес експертите се согласуваат дека оваа несекојдневна импровизација на тегови ќе ти се најде, но не се препорачува да се употребува на долг рок.

Тежината на теговите од шишиња вода не е правилно распоредена плус фатот не е рамномерен, па се зголемува веројатноста да се повредиш (ова важи и за другите експериментални фитнес помагала што не се креирани од стручно лице).

Иако е доволно да имаш само желба и волја за вежбање и целиот твој дом може да послужи како фитнес центар во овие вонредни ситуации, сепак фитнес експертите препорачуваат да не се експериментира на долг рок со реквизити што не се медицински тестирани и одобрени.

Наместо да измислуваш топла вода, еве неколку реквизити што можеш да ги имаш по дома и што ќе ти го направат вежбањето уште позабавно. 😎

Реквизит: Јаже

Еве зошто: Со скокањето на јаже по 10 минути на ден, ќе согориш повеќе калории отколку да трчаш половина час. Истовремено, ќе го активираш секој дел од телото и ќе ја подобриш координацијата на телото и брзината.

Photo credits: http://pulse.mk/

Реквизит: Ѕвоно (Kettlebell)

Замена за еднорачен тег: Детергент за чистење

Еве зошто: Во период кога си заглавен/а дома, а ниту на памет не ти паѓа да ја изгубиш мускулната маса што си ја градел/а со многу пот и напор, еднорачните тегови или нивната импровизација се твојата сламка за спас.

Вежбите што можеш да ги правиш се безбројни. Треба само да бидеш креативен/на.

Еве ти едно видео за инспирација: https://youtu.be/A7fAeGjO5Sk

Предупредување: Ако имате бебе, не правете го следново: 😉

Babies GIF - Find & Share on GIPHY

Реквизит: Тегови што се прилагодуваат (Dumbbells)

Замена за прилагодливи тегови: Шишиња со песок

dumbbells workout
Photo credits: http://pulse.mk/

Еве зошто: Како за вежбање во професионалните фитнес студија, овие тегови ќе ти се најдат и по дома. Идеални се за да ги обликуваш бицепсите, трицепсите, рамената и стомачните мускули од удобноста на твојот дом. Ова е и одлична алтернатива за сите кои што баш и не сакаат да одат во теретана. 😇

Ако се уште не си убеден/а, еве ти уште едно видео со dumbbells вежби за да те предомисли: https://youtu.be/zeDbs3QgHvg

workout equipment
Photo credits: http://pulse.mk/

Реквизит: Монтажна шипка на врата

Замена за монтажна шипка: Рамка на гол

Еве зошто: Секое поминување низ рамката на вратата каде што ти е инсталирана шипката (или низ фудбалското игралиште во маало), ќе ти биде потсетник дека треба да ја искористиш шипката за да направиш неколку вежби за да го зајакнеш горниот дел од телото или барем добро да се истегнеш по долгото седење на кауч.

Реквизит: Ластици за вежбање

Замена за ластици: Хулахопки

resistance bands
Photo credits: https://www.gymshark.com/

Еве зошто:

Без разлика дали ќе ги користиш растегливите ластици (хулахопки) за отпор за горниот или долниот дел од телото, се што ти треба е барем 10 минути во друштво со овие реквизити. Ластиците можеш да ги користиш и додека гледаш филм по дома за да го подобриш мускулниот тонус и да согориш масти.

Ако се уште се двоумиш, ти гарантираме дека видеово https://youtu.be/rTMXCTrwsfU ќе те мотивира да пробаш.

Реквизит: Хулахоп

workout girl
Photo credits: https://www.makmoda.com/

Еве зошто:

Далеку од стереотипите дека хулахопите се играчка за малите девојчиња, ова е всушност еден од најефективните реквизити што може да ги најдете по дома.

Ем е забавно за вежбање, ем ти ги зајакнува стомачните мускули и ти го подобрува здравјето на срцето. 💪

Следниот пат кога ќе се најдеш оптегнат на каучот барајќи изговори дека немаш соодветна опрема и реквизити, потсети се на овие домашни реквизити и фрлај се во акција!


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.