6 начини за успешна Инстаграм фитнес страница во 2021 година

Photo credits: @sabel-blanco-662810

Ако Инстаграм ти е една од најважните социјални мрежи за да се промовираш себе си како тренер, твоето студио и програма, овој текст е за тебе. 👇

Дали постираш објави само кога ти е досадно или имаш развиено детална Инстаграм стратегија? Дали имаш интеракција со следбениците или си пасивен корисник?

Овие 6 совети ќе ти помогнат подобро да се промовираш на Инстаграм и да ја покажеш својата експертиза како финес тренер:

Photo credits: @energepic-com-27411

✅ Креирај си бизнис профил на Инстаграм

Голема е разликата дали ќе користиш личен или бизнис профил на Инстаграм.

Главната разлика е во тоа што со бизнис профил, имаш пристап до широк број на опции за уште подобро да си го промовираш студиото и себе како тренер:

  • Link in bio — место за линк што ќе води до твој веб сајт, блог пост, информации за контакт и слично;
  • Можност да додадеш опција за контактирање на твојот профил;
  • Пристап за креирање реклами на Инстаграм и промовирање постови;
  • Можност да додадеш линкови во твоите Instagram Stories (ова важи за профили со над 10 илјади следбеници);
  • Аналитички податоци за промена на број на следбеници, број на објави и до колку корисници тие достигнале, импресии, гледања на профилот, кликови на веб сајтот итн.

Ако веќе го користиш приватниот профил за промоција, лесно можеш да го трансформираш во бизнис профил и да ги искористиш сите придобивки што тој може да ти ги понуди. 👌

Photo credits: @anete-lusina

✅ Mаксимално искористи ја опцијата Instagram Reels

Иако ова е копија од TikTok (и сите се свесни за тоа), Reels е широко прифатена од корисниците на Инстаграм кои обожаваат да гледаат кратки видеа, особено од омилените Инста ликови. 🎥 Искористи го тоа во твоја полза!

Ако сеуште не е достапна опцијата Reels на твoјот уред, пробај направи update на последната верзија на Instagram или едноставно прави ги видеата на TikTok и ре-објавувај ги на Instagram Stories.

Колку почесто (толку подобро) креирај видеа со кул музика до 30 секунди. Покажи како вежбаш, сподели некој совет за здрав и активен живот, вкусен рецепт, што си правиш во слободно време, или што и да те инспирира тој ден.

Следи ги новите трендови и платформи. Продолжи да го промовираш тоа што го правиш. Комуникацијата и медиумите еволуираат, нема да ти помогне ставот и размислувањето “тоа се глупости”.

Photo credits: @olly

✅ Биди активен/на за Инстаграм алгоритмот да те награди

Се што објавуваш на Инстаграм треба да ги поттикнува луѓето да лајкуваат, да ти коментираат и споделуваат. Алгоритмот на Инстаграм ќе ја примети активноста околку твојот профил и ќе те награди со тоа што ќе те крене на врвот на објавите на твоите следбеници со што ќе се зголеми твојата видливост. 💡

На пример, ако објавуваш повеќе од 7 stories на ден и доколку ставаш различни локации на нив, алгоритмот ќе забележи дека нешто динамично ти се случува. Притоа, ќе ги пласира твоите stories први во линијата кај твоите следбеници.

Photo credits: @olly

✅ Сподели успешни фитнес приказни

Постои ли подобра платформа од Инстаграм за да ги инспираш твоите следбеници? Секој сака да види успешна приказна, а оваа апликација ти ја олеснува работата. Ако некој од твоите вежбачи ја постигнал целта за губење на тежината, накачил добра мускулна маса или ја намалил болката после јога тренинзи кај тебе, пофали се со тоа. 😎

Ова не само што ќе ја зајакне довербата во твоето студио и тебе како тренер, туку ќе ги инспирира и другите да ти дадат шанса (бидејќи очигледно си покажал/а резултати).

Photo credits: @olly

✅ Максимално искористи ги сите опции на Instagram Stories

Instagram feed и Stories се одлично место каде што може да креираш интерактивна содржина и да ги анимираш твоите сегашни и идни вежбачи.

Покрај споделување видеа и слики, редовно креирај анкети за да го чуеш нивното мислење, квизови за да им го тестираш знаењето на одредена темa, одбројувања, интерактивни стикери. Она што се вреднува овде е токму автентичната содржина.

Photo credits: @thngocbich

✅ Направи си месечен план за Инстаграм објави

Можеби звучи очигледено, но важно е наместо секој ден да објавуваш што ќе ти текне, да си направиш месечен план што ќе објавуваш на Инста. 📆 Однапред одлучи за содржината на објавите и целта што сакаш да ја постинеш со нив.

Гледај се себе како медиум и исто како секој медиум треба да имаш програма. Информативна, забавна, контактна, уметничка и едукативна на темите за здрав и активен живот.

За подобро да се организираш, можеш да креираш и закажуваш објави со алатки како Buffer, HootSuite, Later, Sendible и слични.

Без разлика за која идеја од овие и да се одлучиш, важно е да останеш конзистентен/на и постојано да ја прилагодуваш стратегијата за да ги задоволиш потребите и барањата на твојата целна публика.

И не заборавај — остани автентичен/на и иновативен/на и ти гарантираме дека ќе добиваш повеќе вежбачи со секој изминат ден! 💯


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.