![ФитКит инспирација: Анастасија Јаневска од Куманово](https://cdn-images-1.medium.com/max/2560/1*nsSMbVmiPSHAgZZS4-3xsw.png)
ФитКит инспирација: Анастасија Јаневска од Куманово
Кик бокс е нејзиниот спорт за телото и умот. Преферира да вежба сама зoшто сака да се натпреварува самата со себе. Често и велат дека била премногу нежна за да тренира кик бокс.😅
Запознајте ја Анастасија Јаневска (Ани) од Куманово, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋
Вежбам кик бокс во комбинација со фитнес 3 до 5 пати неделно по 1–2 часа. Некогаш вежбам и по два пати на ден.
Инспирацијата ја црпи од од Диана Фитнес, а омилената вежба и е squats.
Сепак, поради пандемијата, Анастасија мораше да го затвори студиото каде што беше инструктор. 😷
Бидејќи и самата прележав Ковид, решив да го затворам Unbranded Fitness додека да заврши пандемијата. Не би сакала некој да се зарази при посета на клубот.
![ФитКит инспирација: Анастасија Јаневска од Куманово](https://cdn-images-1.medium.com/max/800/1*_DUpPwqhILEk8CPj0yOGxw.png)
Ситуацијата со затворањето на студиото не дозволи да ја порази. Анастасија останува доследна на својата фитнес цел — да напредува во секоја смисла, па макар и во домашни услови. 💪
По дома се мотивира да вежба со огледало и музика, а од реквизити користи мали тегови и ластик.
Онлајн тренинзите многу ѝ помогнале да не ја изгуби навиката за вежбање за време на пандемија. ✔️
Токму во тоа и се состои нејзината тајна состојка за да се биде фит за време на карантин:
Ќе намалиш со јадење и ќе вежбаш барем 3 пати неделно. ФитКит е совршен избор за луѓе на кои брзо им здосадуваат работите. Дава избор на локација и спорт.
Мотивацијата за вежбање на Анастасија?
Многу сакам да јадам чоколади. 😂
Признава дека нема никогаш да се откаже од чоколадото. Се труди и да го исфрли мајонезот, ама малку тешко ѝ иде.
Не користи никакви суплементи во исхраната, туку брои калории и внимава да внесува многу витамини. 😇
Калориите се важни. И витамините. Доколку внимаваш на количина на внесени калории и внесуваш доволно витамини, можеш слободно да јадеш чоколади и да пиеш кока кола. Нормално, тоа треба и да се троши на тренинг.
![ФитКит инспирација: Анастасија Јаневска од Куманово](https://cdn-images-1.medium.com/max/800/1*nKmmURLlvNmIUHiQChcOBQ.png)
По вежбање со опушта со јадење.😋А во слободното време обожава да пее со другарките додека се возат во кола.
Ако те интересира како се обликува телото од соништата со кик боксот, следи ја на Инста @TheRealAnnyFit.
На нејзниот профил ќе можеш да видиш слики од адреналински активности и удари со нога што ти гарантираме дека ќе те инспирираат да се фрлиш во акција.
Најтешко е да се спремиш и да тргнеш на тренинг. Секое избегнување на активниот живот е изговор.
P.S. Љубовен статус: Комплицирано е! 😂
![ФитКит лого](https://cdn-images-1.medium.com/max/600/0*0xjh-fAAimgX3tmL.png)
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.