Вежба напорно преку целата работна недела, за во сабота и недела да може да изеде сѐ што му сака душата! 🤪
Запознајте го Александар Погачник, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Цел живот сум физички активен. Од мал сум тренирал скијање, сум возел MTB Downhill, голем сум љубител сум на планинските и адреналински спортови. Од потребата за спорт во денови кога времето е лошо, почнав да одам во фитнес центри. Сега веќе ова ми е рутина и составен дел од денот.
Скијањето е неговата омилена физичка активност. ⛷️
Кога сум на скијање заборавам на секоја обврска и проблем. Поточно, заборавам буквално на сѐ!
Благодарение на вежбањето, тој успеал да ја постигне својата примарна цел – да го намали обемот на телото, но и да покачи мускулна маса.
Песната Sky and Sand најдобро ја опишува неговата фитнес рутина што изгледа вака: ⬇️
Вежбам најчесто од понеделник до сабота, а неделата или одмарам или ја користам за некоја активност во природа (планинарење или возење точак). Вежбам по 2 мускулни групи на тренинг (гради-трицепс, грб-бицепс, рамо и нозе посебно). По секој тренинг правам или 20 до 40 минути кардио или по неколку вежби за стомак.
Simeon Panda е неговиот фитнес херој бидејќи го инспирира со иновативни и корисни вежби што Александар едвај чека да ги проба.
А во деновите кога го мрзи да вежба, еве како се мотивира:
Се напивам pre-workout пијалак и не ме фаќа место после тоа. Морам да извежбам! 😀
Здравата и богата исхрана е неизбежен дел од постигнувањето на неговите фитнес цели.
Гледам да избегнувам високо калорична храна, избегнувам производи што имаат високо ниво на масти и ограничено внесувам јаглехидрати. Преферирам да консумирам протеинска храна и обезмастени производи. Исто така, секојдневно консумирам многу овошје и зеленчук.
Првата активност што Александар ја закажал преку ФитКит апликацијата било фитнес тренинг.
Денес, тој ни е еден од најактивните ФитКит вежбачи. 🏆
Веќе се занимавав со фитнес, но сакав да го правам тоа преку ФитКит поради слободата што ја овозможува за вежбање во многу фитнес центри низ цела држава. Рутината за вежбање ми остана иста, но добив многу поголема слобода кога е во прашање изборот на местото каде што би одработил тренинг. Денес во еден фитнес центар, утре во друг. Со тоа што ми овозможува голем избор на фитнес центри, ја немам онаа монотонија од едно исто место, а со тоа ми се зголеми и бројот на тренинзи во текот на една седмица.
Токму вежбањето му помогнало и да си ја зголеми продуктивноста, фокусираноста и енергијата како дома, така и на работното место.
До крајот на 2024та година, тој ќе се стреми преку вежбањето да ја зголеми својата мускулната маса и уште малку да го намали обемот на стомакот. 🎯
Не чекај да започнеш со физичка активност. Уште по првиот тренинг ќе се чувствуваш многу подобро во своја кожа. И не се откажувај! Потребно е време за да ги забележиш резултатите на своето тело (ништо не може да се постигне преку ноќ)!
За да дознаеш повеќе за Александар:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Aleksandar Pogachnik
📸 Пиши му на Инстаграм: @pogachnik
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Aleksandar Pogachnik
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.