Гледањето на Jesse James West и Jeff Nippard била причината зошто одлучил да го започне своето фитнес патување. Денес, тој ни покажува дека е потребен цврст карактер и челична дисциплина за да имаш реален успех во фитнесот. 💪
Запознајте го Дамјан Апостолоски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Започнав со редовно вежбање додека бев средно за добро здравје и изглед. Ми се допаѓаат културата и придобивките што се добиваат од фитнесот, но и конзистентноста и карактерот што се потребни за да се добијат видливи резултати.
Вежбање во теретана е неговата омилена физичка активност без која што не може да си го замисли денот.
Да вежбаш фитнес значи дека треба подобро да си го запознаеш телото и да се адаптираш на сам себе за да добиеш оптимални резултати.
Песната Venom од Eminem најдобро ја доловува динамиката на неговата неделна фитнес рутина. ⬇️
Вежбам 5 до 6 пати во текот на неделата. Ја преферирам Push-Pull-Legs или Full Body рутината. Благодарение на вежбањето, имам подобра физичка спремност и одлично здравје.
Barbell bench press е неговата омилена вежба.
Омилена вежба ми е barbell bench press што поради моите пропорции ми дозволува ефективно да ја изведувам и да достигнувам поголеми бројки на волумен во тренингот.
Jesse James West е неговиот фитнес херој, поради тоа што шири позитивна енергија и докажува дека може да бидеш добар кон другите без причина.
Кога ме мрзи да вежбам – не се мотивирам. Имам дисциплина и знам дека треба да го направам тоа без разлика како ќе се чувствувам тој ден. 💯
Првата активност што Дамјан ја закажал преку ФитКит апликацијата е вежбање во Палестра.
Редовно ја користам ФитКит апликацијата бидејќи условите за вежбање ми се многу пофлексибилни и можам да вежбам речиси било каде. Можам да вежбам било каде и било кога во теретаните што работат 24/7. Покрај вежбање, има и други активности на апликацијата што можам да ги пробам.
До крајот на 2024та година, Дамјан ќе се стреми да има најоптимална линија на напредок и да се стави на cut после години bulk.
Во план му е да ја прошари својата фитнес рутина и со падобранство, параглајдинг, скијање и трчање маратон.
Бидете редовни во сала и решителни. Прифаќајте критики и совети и резултатите ќе дојдат сами по себе. 🚀
За да дознаеш повеќе за Дамјан:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Damjan Apostoloski
📸 Пиши му на Инстаграм: @d.apostoloski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Damjan Apostoloski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.