ФитКит Херој на Неделата: Димитри Шкоклев

Димитри-Шкоклев

Мотивиран од желбата за да има посилно, поспремно и поубаво тело, тој секојдневно ги поместува своите лични граници и ни покажува дека кога се има дисциплина – сѐ е возможно! 🚀

Запознајте го Димитри Шкоклев, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

За прв пат започнав со вежбање во прва година средно. За среќа, бев опкружен со неколку луѓе коишто беа во добра форма и вежбаа, па гледајќи ги како пример почнав и јас. Ме мотивираше желбата за да имам посилно, поспремно и поубаво тело. На почетокот правев вежби со сопствена тежина. Пресвртна точка ми беше тоа што по кратко време, ставив вратило во мојот дом каде што редовно правев згибови.

Димитри-Шкоклев

Омилена физичка активност му е вежбањето во теретана, бидејќи му влијае позитивно на многу аспекти од животот, како менталното здравје, расположението и самодовербата. 

Вежбањето во теретана ми овозможува да ги зголемам мускулната маса и сила, ми овозможува да запознаам нови луѓе и да вежбам без разлика на временските околности. Благодарение на ФитКит, ја имам можноста да одам во различни теретани, да вежбам со различни справи и опрема, што го прави вежбањето поинтересно и флексибилно. 

А еве како изгледа неговата неделна фитнес рутина: ⬇️

Генерално, во текот на една недела правам 4 тежински тренинзи во теретана. Во сите тренинзи го вежбам скоро цело тело и гледам да направам по 1-2 вежби за повеќето мускули. Дополнително, 2 дена во неделата правам кардио, кое е најчесто во форма на трчање, но понекогаш и искачување на планина.

Димитри-Шкоклев

Ова се резултати што ги постигнал благодарение на вежбањето:

✅70 склекови

✅ 25 згибови

✅ Истрчан полумаратон за 1h 36min

Комичните ситуации се неизбежен дел од неговите тренинзи:

Имам бутнато и скршено стаклено шише со вода во теретана што резултираше со мал хаос на подот. Лекцијата што ја научив од тоа е никогаш повеќе да не носам стаклено шише на вежбање. 😅

Димитри-Шкоклев

Димитри вели дека не се придржува до некој специфичен режим на исхрана, но генерално гледа да јаде претежно здрава храна. Секако, повремено има и по некој cheat оброк, бидеќи смета дека животот би бил досаден без нив.

Со оглед на тоа што вежбам веќе долго време, повеќе не ми е потребна мотивација. Едноставно вежбањето ме прави среќен и сакам да го правам тоа. Моментално сум задоволен со тоа што го имам постигнато досега, па целта ми е да ја одржувам формата и да продолжам да живеам живот со здрави навики. Во иднина би сакал да пробам некоја боречка вештина, за да разбијам монотонија.

Димитри-Шкоклев

Димитри работи како Senior Software Engineer во компанијата Netcetera

Тој вели дека редовното вежбање му помага да се чувствува поефикасно, попродуктивно и да има повеќе енергија за работните обврски. 🙌

Бев воведен во ФитКит баш месецот кога планирав да почнам во теретана. Првата активност што ја закажав беше вежбање во теретана Legion Fitness, бидејќи локацијата ми е многу блиску до дома. ФитКит ми овозможи да пробам многу различни активности и да ги пронајдам оние што најмногу ми одговараат. Тоа ми ја зголеми и ефикасноста бидејќи не морам да патувам за секој тренинг до едно исто место.

На сите оние што се двоумат дали да почнат со вежбање, еве што би им препорачал од своето искуство:

Почетокот на секоја нова активност е обично најтежок, бидејќи напредокот и резултатите си бараат време. Научете да ги изведувате вежбите правилно, едуцирајте се и бидете конзистентни.  It’s a marathon not a sprint! 🤸‍♀️

Димитри-Шкоклев

За да дознаеш повеќе за Димитри:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Dimitri Shkoklev

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Dimitri Shkoklev

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore