Вежбањето го смета како дел од својот идентитет и нешто што ѝ помага да се справи со било какви емоции и да се соочува – од најубави до најлоши. За неа, влегувањето во теретана е една од најдобрите одлуки што ги има донесено во животот. 💪
Запознајте ја Катерина Гудева, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Од сегашна гледна точка, би рекла дека сакав воланот на мојот живот да биде во мои раце. Мојот татко од секогаш ме учел дека еден човек треба да има форма и содржина. Формата се гради со негување на физичкиот изглед, додека содржината со негување на мозокот.
Теретаната е нејзиниот втор дом и место каде што таа секојдневно се предизвикува самата со себе.
Го сакам начинот на кој што вежбањето во теретана ми дозволува да се справам со моите емоции. Многу луѓе мислат дека тоа е монотона работа, но јас не би се согласила. Постојат безброј опции и тренинзи што можат да се направат во теретана, од големи тежини и неколку повторувања, до кардио-доминантни тренинзи со минимални тежини. Сѐ што е потребно е силна волја и малку креативност. 💯
А еве како изгледа нејзината неделна фитнес рутина:
Се трудам да имам минимум 4 тренинзи во неделата, од кои 2 завршуваат со кардио. Распоредот е типичен old school распоред: нозе, грб и бицепс, гради и трицепс. Изгледот на тренингот зависи од моменталното расположение, може да трае скромни 40 минути, а може да летнат 2 часа, а јас сум уште во теретана.
Секој тренинг на Катерина е како соло концерт, во зависност од расположението. Има многу плејлисти за вежбање, секоја за различен mood. 😅
Во денови кога на тегови се вади негативна енергија на мојата плејлиста би била Linkin Park – One Step Closer. Оние тренинзи кога сум hyped за тренингот би била Bad Bunny – Vuevle Candy B. Деновите кога бликам од среќа, тренингот е дефинитивно Aventura, Bad Bunny – Volví или Bad Bunny – Moscow Mule.
Се труди јаде балансирано и здраво, иако не секогаш ѝ успева. Обожава чоколадо, а умерено јадење е вечна борба што често ја губи.
Свесна сум дека вежбањето е за мое добро и се натерувам самата себе да одам во сала. Има денови кога едноставно го слушам телото и му давам одмор, свесна дека и таквите денови се случуваат и можеби дури се и потребни.
Татко ѝ кој и на свои 60 години религиозно вежба 6 пати во неделата со право е нејзиниот фитнес херој и најголема инспирација. 🦸
Со оглед на мојата професија (лекар) имам прилика да сведочам како луѓето на негова возраст страдаат од хипертензија, обезност, хиперлипидемија и што ли уште не, додека татко ми има крвна слика како за 30 годишен маж. Преку неговата истрајност и дисциплина, уште од мала ја согледав важноста на физичката активност.
Првата активност што Катерина ја закажала преку ФитКит апликацијата е вежбање во теретана во Парк. Таа вели дека ФитКит ѝ го прави животот мнооогу поедноставен.
Живеам во Скопје, но често се враќам во Струмица и флексибилноста на ФитКит ми овозможува да вежбам и на двете локации. Каде и да одам низ Македонија, вежбањето воопшто не страда, затоа што знам дека на ФитКит сигурно има нешто. Иако по навика вежбам секогаш после работа, ФитКит ми овозможува исклучоци на тоа правило. Често имам потреба од промена на локација и тоа секако не е проблем со ФитКит. Дополнително, можноста да одбирам и друг спорт со кредитите што ги имам на располагање ми e top tier. 🚀
До неодамна била сама во својата фитнес авантура. Новодојдената помош и насока ја возбудуваат, па нетрпеливо чека да ги види резултатите што ќе ги постигне до крајот од 2024 година.
Само почни! Било што! Теретана, трчање, спорт, танц, пешачење – било што. Чувството после добра физичка активност е нешто незаменливо. Плус, сфати си го тренингот како нешто што мораш да го правиш, а не нешто што сакаш да го правиш. За многу кратко време од “морам, не сакам” ќе премине во “сакам, не морам”.
За да дознаеш повеќе за Катерина:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Katerina Kardelen Gudeva
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @kardelen.g
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Katerina Gudeva
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.