ФитКит Херој на Неделата: Марија Попова

Таа е личност што знае како чоколадото да го претвори во мускулна маса. 🍫

А благодарение на вежбањето, има многу повеќе енергија и сила за секојдневните активности и успева да задржи добро држење на телото, со оглед на професијата како програмер.

Запознајте ја Марија Попова, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Јас сум активна личност уште од мала. Отсекогаш сум била дел од некоја спортска активност. Сето тоа заврши кога се запишав на факултет, а подоцна и се вработив. Затоа морав да најдам соодветна замена за вежбањето, па така најпрво почнав со одење на теретана, а сега и со функционални тренинзи

Токму функционален тренинг е активноста без која што не може да си ја замисли неделата. 🏋️

Функционалните тренинзи се најефикасен начин на опфаќање на сите мускулни групи во пократок временски период. Досега лично имам приметено кај мене најбрз напредок од аспект на body recomposition – намалување на телесни масти и зголемување на мускулна маса. Вежбам 3 пати неделно функционален тренинг, а за време на викенд знам да отидам и еднаш на теретана, да се искачам на Водно, да возам велосипед итн.

 

Песната Vois sur ton chemin најдобро ја опишува нејзината фитнес рутина. А најчесто ќе ја најдеш Марија како вежба Romanian Deadlift.

Една од поефективните вежби за мене е Single Leg Romanian Deadlifts. Оваа вежба опфаќа повеќе мускулни групи, меѓу кои задникот, нозете, половината, абдоменот, подлактица. Гарантирано воспалување барем на една од тие мускулни групи.  😅

Ситуациите полни со хумор се неизбежен дел од тренинзите на Марија, особено додека вежба Glute Bridge. Токму смешните ситуации дополнително ја мотивираат да го дава својот максимум на секој тренинг.

Благодарение на вежбањето имам повеќе енергија и сила за секојдневните активности. Mожеби ова е клучно е за нас како програмери бидејќи цел ден го поминуваме седејќи. Вежбањето е мојот начин како да задржам good posture (држење на телото). 

Марија нема посебен режим на исхрана, но има грижа на совест кога ќе претера со јадење, па затоа се придржува кон овие начела: ⬇️

Користам MyFitnessPal апликација за водење сметка за тоа колку калории внесувам. Понекогаш кога ќе приметам дека сум претерала, имам поголеми рестрикции следните денови (пример – периодот после Божиќ). Генерално избегнувам ултра процесирана храна, сосови, брза храна, многу шеќери и внесувам доволно протеини во текот на денот: јајца, грчки јогурт, месо. 

Pamela Reif е личноста што ја инспирира. ✨

Таа е познат фитнес тренер што нуди добри бесплатни програми и секако здрави рецепти. Со неа генерално вежбав за време на короната. Видеата ѝ се добро склопени за одредена мускулна група, а има и видеа за HIIT што особено и ги обожавам. 

Марија работи како Senior Software Engineer во компанијата Netcetera.

Таа вели дека благодарение на ФитКит апликацијата како бенефит за вработените, го открила функционалниот тренинг што ѝ помогнал да си ја зголеми енергијата и да има подобар фокус на работа. 🎯

Првата активност што ја закажав преку ФитКит беше теретана – секако. Пред да почнам да ја користам апликацијата веќе одев на теретана. Целта ми беше постепено да експериментирам со различни активности, но сепак и да ја задржам мојата фитнес рутина. Денес, благодарение на вежбањето имам зголемена енергија и подобар фокус на работа. Нормално после некое време, на почетокот бев премногу воспалена. Генерално вежбам после работа и тоа ми служи како баланс после програмирање и состаноци. 

До крајот на 2024та година, таа ќе даде сѐ од себе да стекне поголема мускулна дефиниција и зголемување на физичката кондиција.

Би сакала да проба и јога и пилатес годинава, но сѐ уште размислува како да ги вметне во својот распоред. 

Постави си реалистични цели со постепено зголемување на интензитетот. Don’t be hard on yourself! Идејата е вежбањето да ни биде дел од секојдневната рутина и да не правиме посебен напор за да ја вметнеме. Со тоа и шансите дека ќе успееме се најголеми!

За да дознаеш повеќе за Марија:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Maria Popova

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @marija__popova

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Marija Popova

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore