Трчањето за неа е како медитација. Таа ужива во секој истрчан километар, бидејќи тоа ја исполнува со ентузијазам, позитивна енергија и многу мотивација за да биде успешна на секое животно поле. 🏃♀️
Запознајте ја Тина Трипуновска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Не можам да кажам дека имав пресвртна точка за да почнам да вежбам. Започнав со спорт уште од мали нозе. Моите родители уште како мала ме запишаа прво на пливање, а потоа кога изразив желба за ракомет, се префрлив на ракометот. И така започна мојата љубов кон вежбањето. Ракомет тренирав скоро 8 години. Кога прекинав со ракометот, некако природно се префрлив на трчање и возење велосипед, а подоцна и во теретана. Денес, трчањето е мојата омилена физичка активност, особено во природа.
Иако со редовното вежбање и правилна исхрана Тина успеала да намали дури 12 килограми, за свој најголем успех го смета тоа што преку физичка активност и исхрана успеала да си ја среди инсулинската резистентност и да ја контролира тироидната жлезда.
Песната од Eminem – Lose Yourself најдобро ја опишува динамиката на нејзината фитнес рутина што изгледа вака: ⬇️
Мојата фитнес рутина можам да ја наречам хибридна. Понеделник, среда и петок вежбам во теретана, додека вторник, четврток и сабота ми се посветени за трчање надвор. Секој тренинг во неделата ми е со различен фокус и интензитет. Понеделник најчесто ми е посветен за долен дел на телото, среда – тренинг за цело тело, а петок ми е за горен дел на телото. За трчање, комбинирам тренинзи во Зона 2, long и tempo runs.
Во теретана најчесто ќе ја најдеш како прави squats како вежба со која што најефективно ги активира мускулите од долниот дел на телото. 🏋️
Балансираната, нутритивна и разновидна храна е дел од нејзиното мени како одличен начин да ги комплетира ефектите од вежбањето.
Немам некој посебен режим на исхрана. Секогаш гледам да балансирам и да јадам нутритивна и разновидна храна. Исто така гледам во секој оброк да имам барем 30 грама протеин. Не си забранувам ниеден макронутриент. Напротив, сметам дека на човековото тело му се потребни и масти и јаглехидрати и протеини.
Natacha Océane и Дарио Ивановски се нејзините фитнес херои што секојдневно ја инспирираат да го даде својот максимум на секој тренинг. 🦸♀️
Со Natacha научив многу за фитнесот и исхраната и со неа навлегов во фитнес светот. А откако почнав со трчање, Дарио ми стана омилен фитнес херој. Има толку многу успеси, не само на национално, туку и на интернационално ниво. Се воодушевувам од неговата посветеност, но и скромност. Ретки се луѓето како него. Пред Дарио мислев дека е невозможно да почнеш од 0 и да стигнеш до Олимпијада (барем кај нас), но тој докажа дека ништо не е невозможно! Затоа е мојот фитнес херој.
Тина вели дека никогаш не се ослонува на својата мотивација за да оди на тренинг, бидејќи ако чекала да вежба само кога е мотивирана, тоа би било едвај 3 пати во месецот.
Едноставно знам дека денес имам тренинг, станувам пијам кафе и одам на тренинг. Нема многу размислување и убедување дали да се иде или не. Според мене дисциплината е поважна од мотивацијата. 💯
Тина работи како Senior .NET Engineer во компанијата Valtech.
Таа започнала да вежба преку ФитКит како бенефит за вработени преку компанијата.
Набргу сфатила колку оваа флексибилност ѝ помогнала да биде поредовна во вежбањето, бидејќи може да си комбинира теретани и термини како нејзе ѝ одговара.
Фиткит ми овозможи да тренирам во најдобрите теретани во Скопје, без никакви проблеми. Можам да вежбам пред работа, а со тоа да имам енергија во текот на целиот ден. Тоа ми е и најлесниот начин да извежбам пред работа.
До крајот на годината, Тина има зацртано да истрча полумаратон и да проба јога. 🧘♀️
Најди нешто што ти делува интересно и само почни со тоа. Доколку не знаеш како, прашај – секој ќе ти помогне. Со вежбање можеш само да добиеш, не можеш да изгубиш ништо (освен неколку килограми 😄) .
За да дознаеш повеќе за Тина:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Tina Tripunovska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @t.tripunovska
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Tina Tripunovska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore