Ја засакала физичката активност дури на свои 27 години, а како дете максимално ги одбегнувала часовите по физичко – сè уште не знае зошто. 😄
Запознајте ја Ангела Кузмановска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Со спорт започнав релативно доцна – на 27 години. Претходно спортував само пред лето и тоа кампањски. Ова не можам да го наречам ниту спорт, ниту грижа за себе. Почнав активно да вежбам сосема случајно, заради друштвото, па се “навлеков”. Ова е доказ дека друштво може да те навлече и на добри работи, обратно од стереотипот. 😂
За кросфитот вели дека е нејзината прва љубов и дисциплина што ја екипирала со многу енергија и ентузијазам.
Со години практикувам кросфит – тој ме навлече на спортување. Ако некогаш во животот има потреба да сменам или намалам вежбање кросфит (заради возраст, повреди, или било каква причина) тој секогаш ќе ми остане прва љубов, онаа која те изградила и те научила. Како типичен екстроверт, ме задржа заедницата што ја имаме и чувството на крајот на тренингот кога си воден/а од глава до пети и се заблагодаруваш што си жив.
Ангела започнала со вежбање за да намали телесна тежина, а денес вежба за подобрување на перформансот на своето тело.
Фитнес целите ми се сменија за 180° во текот на годиниве. Почнав за да намалам на телесна тежина (што никогаш не се случи 😂), па наредната цел ми беше исклучиво естетика, за последниве години напредокот да го гледам преку подобрување на техника и перформанс. Една работа што ја забележав низ годиниве е зајакнување на core мускулите преку вежби (најчесто overhead) што не ни сеќаваш дека делуваат на core делот, за разлика од порано кога мислев дека само класични изолирани стомачни вежби можат да ја постигнат таа цел.
Песната Should I Stay, or Should I Go најдобро ја опишува нејзината неделна фитнес рутина.
Секој пат кога ќе увидам што ми е на “менито” за денот, сум во дилема дали целосно да се откажам, или да истуркам. Има денови кога си велам: „Ајде уште денес, и не мора да вежбаш веќе.” A утредента веќе имам заборавено колку ми беше тешко и си продолжувам со рутината. Бидејќи вежбам во група, ми е доста олеснето планирањето и делењето на вежбите, што не мора да го правам сама. Гледам да вежбам во текот на работната недела, зашто викендите ми се прилично исполнети, сакам да се видам со луѓе, да излезам, да патувам, па колку и да речам дека ќе вежбам, не ми се совпаѓа во викендашкиот распоред.
Смешните ситуации се она што ги прави тренинзите најубавиот дел од денот.
Трапава сум, имам скршено и истегнато лигаменти на 4/4 екстремитети (повеќекратно). Имам паднато и добиено прилично тешки повреди уште толку пати. Дури и имаме интерни шали во сала кога треба нешто поекстремно да се направи: „Да пробаме сите, освен Ангела”. 😂
Ангела им се восхитува на сите оние кои во даден момент сакаат да спијат, но одбираат да вежбаат и на оние кои си поставуваат цел и не запираат додека не ја постигнат.
Токму тие се нејзините фитнес херои. Затоа и се опкружува со такви луѓе за да им ја “ископира” дисциплината и етиката за вежбање.
Кога ме мрзи да одам да вежбам, си проценувам од ситуацијата дали навистина не можам, или само ми треба мал поттик. Најчесто се “тешам” како во училишните денови „Ајде уште денес, па утре не мора”, ама како што спомнав погоре, утредента е нов ден и заборавам на ветеното.
Првата активност што Ангела ја закажала преку ФитКит е кросфит тренинг, што до ден денес е нејзината омилена активност.
За користењето на апликацијата вели дека ѝ го олеснило вежбањето, но и обврската да не треба да размислува кога е време да плати членарина. 🙌
Апликацијата почнав да ја користам зашто ми е многу полесно, наместо да паметам кога треба да обновам членарина. Навиките како навики не знам дали беа под влијание на апликацијата, но сигурно сум вежбала во моменти во кои, кога не би ја користела, би немала извадено кеш од картичка и би одложила одење на вежбање.
Во план ѝ е да воведе час, два пилатес во нејзината стандардната спортска рутина за мобилност и истегнување.
Води се по свое темпо, земај одмор кога ти е потребен и форсирај се само до границите на сопствените можности. Споредувај се само со својата претходна верзија, а не со другите луѓе. Тоа е најдобриот начин да не се откажеш и демотивираш.
За да дознаеш повеќе за Ангела:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Angela Kuzmanovska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @angiekuzman
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Angela Kuzmanovska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.