ФитКит Херој на Неделата: Филип Јанев

filip-janev

Како мал сакал да биде кошаркар, но кога пораснал станал програмер. Сепак, тоа не го спречило во намерата да биде пример за личност што води здрав и активен начин на живот. 🙌

Запознајте го Филип Јанев, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата фитнес цел е телото да ми биде во што е можно подобра физичка и психичка форма со цел да може да се справи со сите можни предизвици во текот на работната недела.

filip-janev

Вежбање во теретана и качување на планина се неговите омилени физички активности. 🧗

Овие активности ми помагаат да си го вратам внатрешниот мир и да ја одржам физичката кондиција. Кога вежбам во теретана, најчесто ги користам повеќето справи што ми се на располагање таму. Но ако би издвоил некоја како омилена, тоа би бил kettlebell-от

filip-janev

Вежбањето после работа е неговиот омилен дел од денот, без разлика дали тоа ќе биде потење во фитнес студио или качување на планината Водно.

Најдобриот тренинг е кога ќе излезеш од теретана целиот испотен, среќен и задоволен од тоа како си извежбал денес. Те обвива некое посебно чувство што ти предизвикува задоволство за тоа што си го направил.

Она што го мотивира да го даде својот максимум при вежбање е следнава мелодија:

Филип работи како Software Engineer во компанијата Damilah

Тој вели дека користењето на ФитКит апликацијата како компаниски бенефит за вработените му дава флексибилност да вежба кога сака, каде сака и колку сака. 🏋️

Користењето на ФитКит ми помага бидејќи нуди голем избор на места за вежбање. Така да, во зависност од моменталното место каде што се наоѓам, можам в во близина, доколку имам испланирано повеќе обврски.

filip-janev

Филип ги искусил бенефитите од физичката активност на своја рака. А еве што ги советува своите колеги што сè уште се двоумат дали да му дадат шанса на вежбањето: ⬇️

Вежбањето е за ваше добро! Ви помага да се чувствувате подобро физички и психички. Ќе имате и помалку здравствени проблеми, бидејќи канцелариската работа си носи и свои предизвици секојдневно. Преку ФитКит може да закажете активност што ви се допаѓа како теретана, пливање, масажа и многу други активности.

filip-janev

За да дознаеш повеќе за Филип:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Filip Janev

📸 Пиши му на Инстаграм: @janevfilip

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Filip Janev

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore