Динамичен, полн со енергија и секогаш спремен за акција. За ништо не го менува утринското качување на Водно, пиење на првото кафе таму и возењето мотор со другарите. 🏍️
Запознајте го Виктор Стојкоски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Моите фитнес цели се постигнување на одлична физичка подготвеност, здрави навики и намалување на ризикот за повреди и здравствени проблеми. Кога временските услови го дозволуваат тоа, со ништо не го менувам качувањето на Водно и пиење на првото утринско кафе таму.
Покрај активностите во планина, теретаната е неговиот втор избор за вежбање. Токму и првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата е претпладневен тренинг во Фитнес и Спа Парк. 🏋️
Преферирам да вежбам во фитнес студио. Дома вежбам само кога се мора. Немам посебна причина, ама како што работа од канцеларија е со поголема продуктивност од работата од дома, така веројатно е и со фитнесот. Секогаш подобар тренинг сум правел ако сум наменски во фитнес студио и/или на отворено (Водно/кеј), отколку да пробувам да направам делумен тренинг дома.
Виктор смета дека ако можеш сам/а да се контролираш, мотивираш, инспирираш и си доволно тврдоглав/а, сигурно ќе можеш и сам/а да тренираш. Сè до тогаш, потребен ти е тренер што ќе те насочува на вистинскиот пат кон целта. 🎯
Додека не стекнеш рутина и знаење дефинитивно – вежбање со личен тренер. Додека вежбаш со тренер, ќе научиш што му одговара на твоето тело за вежбање, што е тоа што сакаш да го постигнеш и во која насока сакаш да се движиш. После 6 месеци под водство на тренер, мислам дека може да продолжиш и сам/а. Тренерот е многу важен да те мотивира и да те турне да одиш напред тогаш кога најмногу ќе мислиш дека стагнираш и не напредуваш. Ако можеш сам/а да се контролираш, мотивираш, инспирираш и си доволно тврдоглав/а, сигурно ќе можеш и сам/а да тренираш. 😎
Кога вежба, најчесто слуша подкасти за дополнителна мотивација и едукација.
Зависи од расположението во коешто се наоѓам, таква музика и слушам. Може да го слушам и Nick Cave, а и The Weekend, а може и Тоше Проески, Раста и Београдски синдикат. Многу повеќе слушам поткасти додека вежбам за дополнително да се едуцирам и да се инспирирам.
Виктор работи како Генерален секретар на АЕТМ и Ко-основач на SVNA Design.
Тој вели дека преку вежбањето со ФитКит како апликација што нуди навистина голем спектар на различни активности што можеш да ги правиш во твоја близина, а преку кои се поттикнува лачењето на серотонин и ендофрин во телото што докажано ја зголемуваат продуктивноста. 🤸♀️
Не барај изговори дека немаш време да вежбаш затоа што имаш премногу обврски. Со вежбање ќе ја зголемиш и подобриш продуктивноста и секогаш ќе имаш подобра организација, а со тоа и повеќе време. Дополнително, секој од нас треба да си посвети минимум по 1 час на ден во грижа за себе – без никакви изговори!
За да дознаеш повеќе за Виктор:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Viktor Stojkoski
📸 Пиши му на Инстаграм: @viktorstojkoski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Viktor Stojkoski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.