Неговиот другар го “натерал” да почне со вежбање иако тој бил скептик за оваа идеја и се срамел од своето тело.
Денес, тој е благодарен што го послушал својот другар затоа што веќе 5 години сведочи за позитивните промени што вежбањето ги има врз неговото тело и сака да им помогне на сите оние што им треба помош и имаат желба да научат.
Запознај го Слободан Стојчевски (Боки), наш FitKit Plus тренер што ги води програмите Основи за инверзија и Основи за баланс.
Првата година вежбав типичен бодибилдинг. После тоа видов атлети кои доминираат со своето тело, изведуваат движење на раце кои изгледаа нереални за мене. Од тој момент добив огромна желба и инспирација и сфатив кој е мојот следен чекор. Започнав да вежбам Calisthenics. Како што поминуваа години научив стој на раце и многу други вештини. Започнав да инспирирам и мотивирам други луѓе кои сами доаѓаа кај мене и бараа совети. Откако видов одлични резултати кај луѓето, тоа беше знак за мене дека е време да започнам како тренер. Во рок од овие 5 години, мојата тежина се зголеми до 77 килограми и се чувствувам најдобро во мојот живот. Покрај физичка сила, станав многу поцврст и психички постабилен .
Своето искуство Боки го пренесува во двете програми — Основи за инверзија и Основи за баланс, наменети за сите вежбачи кои што немаат воопшто сила за да стојат на раце, без разлика на возраста.
Со овие програми ќе изградиш соодветна сила и ќе го спремиш твоето тело за следниот предизвик, а тоа е баланс. Она што ја прави програмата посебна е тоа што ќе ти даде сигурност во себе и ќе го елиминираш стравот од паѓање од таа позиција. Ова е нова вештина која придонесува за огромно задоволство. Стој на раце не е само вежба, тоа е уметност, вештина.
Еве како изгледа еден тренинг со Боки:
Запознавање и вовед во тренингот;
Загревање;
Изведување на вежбите со детални инструкции.
Се што ти е потребно за изведување на овој тренинг е обичен ѕид или друга цврста потпора.
Сила, подвижност, флексибилност на горниот дел од телото, здрави рамења, подобрување на држењето на телото, подобрување на притисокот и циркулацијата се само дел од придобивките кои што ќе ги искусиш од овие тренинзи.
За да дознаеш повеќе за Боки:
Следи го на Инста — @flipyourself и @boki.road_to_strength
Пиши му на Фејсбук — Slobodan Stojcevski (Boki)
За да почнеш да вежбаш со Боки, креирај го твојот профил на FitKit Plus.
За крај, еве зошто треба да пробаш Основи за инверзија и Основи за баланс:
Овие програми треба да ги избереш ако имаш голема желба и пасија да научиш стој на раце. Најголема предност е дека можеш да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега нема изговори.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.