Јогата е дел од нејзиниот живот веќе неколку години, a практиката ѝ помогнала да изгради врска помеѓу телото, умот и дишењето. 🧘
Со намера да ја продлабочи својата лична пракса, одлучува да стане сертифициран јога инструктор во областа на hatha и prenatal yoga.
Запознај ја Мартина Димитров, наш FitKit Plus тренер што ја води програмата Prenatal yoga. 👋
Кога започнав со практикување јога, веднаш се вљубив во бавното движење на телото, останувањето во положба подолго време, кое придонесува за смиреност и опуштање. Се чувствувам прекрасно додека практикувам јога, бидејќи можам да се движам во свој ритам. Мојата цел е да им помогнам на сите оние што сакаат да започнат со јога да можат удобно и правилно да го движат своето тело и да се поврзат со своето вистинско јас.
Програмата Prenatal yoga е наменета за трудници со нормална бременост.
Оваа практика ќе ти помогне полесно да ги почувствуваш и прифатиш промените што настануваат во твоето тело за време на бременоста, како на физички, така и на емотивен план. 🎯
Оваа програма овозможува трудниците да бидат свои и свесни, да се почувствуваат силни и сигурни во себе во текот на бременоста, а притоа и да знаат како тоа да го постигнат. Трудниците можат со вежбање можат да започнат од 12 недела, со претходна консултација на гинеколог.
Еве како изгледа еден Prenatal yoga час:
✔️ Часот започнува со смирување на телото со техники на дишење кои ќе ти помогнат да го балансираш телото и умот и да останеш смирена;
✔️ Загревање на телото и изведување на положбите кои имаат повеќе варијанти и се приспособливи за секоја трудница;
✔️ Часот завршува со опуштање и релаксирање, со што му се дозволува на телото да се одмори, а истовремено да се смири и ритамот на дишењето, насочувајќи го вниманието кон себе.
Положбите се изведуваат полека и стабилно, а вниманието е насочено на тоа да не се напрега телото.
Напротив, телото се држи опуштено, а поголем дел од вежбите се усогласени со дишењето.
Еве кои придобивки ќе ги искусиш од Prenatal yoga тренинзите:
✅ Физички придобивки:
- Нежно истегнување
- Поголема флексибилност
- Подобра циркулација
- Намалување на отоците околу зглобовите
- Намалување на болката во телото
- Подобар сон
- Те подготвува за породување
- Побрзо враќање во форма по породувањето
✅ Емоционални придобивки:
- Стабилност
- Смиреност
- Трпеливост
- Подобра концентрација
- Го намалува стресот
- Го опушта умот
За да дознаеш повеќе за Мартина: 👩
📸 Следи ја на Инста — @yogawithmartinaa
📝 Пиши ѝ на Фејсбук — Yoga with Martina
⭐️ Конектирај се на LinkedIn — Martina Dimitrov
👉За да почнеш да вежбаш со Мартина, креирај го твојот профил на FitKit Plus.
За крај, еве зошто треба да пробаш Prenatal yoga: 👇
Доколку си бремена и бараш начини да се релаксираш или да бидеш фит, Prenatal yoga e одличен избор за тебе. Оваа онлајн програма ти овозможува да вежбаш од дома кога ќе посакаш, а за вежбање ти е потребна само удобна облека. Затоа, без разлика дали претходно си имала искуство со јогата или не, топло ти ја препорачувам Prenatal yoga во текот на бременоста. 👶
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.