Колку пати до сега си се запрашал/а: Дали треба да вежбам ако сум болен/а? Дали треба да дозволам една настинка да ми ја разниша фитнес рутината? Како подолгото отсуство од вежбање да не ме исфрли од колосек? 🤔
Даниел Трбогазов, фитнес тренер, професор по физичко образование и главен уредник и основач на порталот Мој Тренер ти ги дава одговорите на сите твои дилеми.
Дали треба да вежбаш кога имаш настинка?
Настинката не е причина да ние не бидеме физички активни, но е причина да вежбаме со намален интензитет за да не дојде до исцрпување на организмот и да ја влошиме состојбата.🤒Ова значи дека можеме да вежбаме но не “под полна пареа,” објаснува Даниел.
Настинката значи дека веќе сме во рана фаза на опаѓање на имунитетот и тоа може да резултира со лачење на секрет во носот и црвенило во грлото проследено со кашлица. Доколку настинката е проследена со покачена телесна температура, се препорачува да не се вежба и да се одмара. Поради тоа што веќе организмот се бори со некаква моментална состојба и имунитетот е опаднат ние не треба да му ја отежнуваме работата со физички напор, туку треба да му помогнеме за побрзо да закрепне со тоа што ќе мируваме и ќе се храниме здраво. 😴
Како да не ја изгубиш фитнес рутината при настинка?
🚶 Прошетка во природа или лесни вежби за истрегнување се идеалниот начин како да не ја изгубиш рутината при настинка.
Во периодот на настинка се вежба со намален интензитет доколку се чуствувате пријатно. Доколку не се чуствувате пријатно, немате енергија или настинката е проследена со главоболка, земете си солободен ден “Day off” или “Active Recovery.” Одмарајте, направете прошетка во природа или вежби за истегнување.
Што се случува со телото ако не вежбаш неколку месеци и како потоа брзо да се вратиш во форма?
Еве што се случува во организмот додека одмараме:
⌛ После физички напор мускулите ќе закрепнат од тренингот за 72 часа, но целосно ќе се опорават за 12 дена.
⌛ Централниот нервен систем ќе се смири за 4-5 дена и повторно ќе биде подготвен за тренинг, но целосно ќе се опорави за 23-24 дена одмор.
⌛Доколку одморите 23-30 дена со пауза од вежбање после нарушена здравствена состојба или физичка повреда, нема да изгубите ништо, напротив, ќе го одморите телото.
Без разлика дали станува збор за прележан ковид, после бременост или физичка повреда, повторното активирање со вежбање го започнуваме после давањето на зеленото светло од страна на докторите, кога крвната слика е одлична или повредата е закрепната. Во овие фази неизбежно е да има опаѓање на кондицијата и тоа е сосема нормално.
Секогаш враќањето на фитнес навиките треба да биде постепено, дозирано и многу прецизно реализирано. ⬇️
Бидете внимателни и свесни кога ќе започнете повторно со тренинг адаптацијата да биде спора и многу внимателна. Започнете со вежбање во првите 2 до 3 недели со полесни тренинзи, со постепено зголемување на интензитетот, волуменот и фреквенцијата на тренинзи за да се вратите во уште подобра форма од претходно и да не направите механички повреди на вашето тело. 💪
Ако имаш дополнителни прашања за Даниел, еве каде можеш да го најдеш:
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Daniel Trbogazov
📸 Пиши му на Инстаграм: @mojtrener.mk
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Daniel Trbogazov
🌐 Посети го неговиот веб-сајт: https://mojtrener.mk/
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.