Како фитнес и кондиционен тренер започнал пред 13 години, со цел да им помогне на луѓето да бидат физички активни, да ги пренесе своите искуства за да не ги повторат грешките што тој ги направил во својата кариера. 💪
Затоа, со право Стојан Поповски е еден од нашите MyFitKit лични тренери.
Секогаш се трудам да извлечам што е можно повеќе информации од самиот клиент, како тој функционира, кои се неговите фитнес цели, колку е физички активен, дали има одредена склоност кон повреди, начин на функционирање и секако преку „InBody” анализа да добијам веќе детална претстава на што треба да се обрне внимание и во која насока да се структурираат тренинг програмите.
Стојан ја води MyFitKit програмата Full Body System што има 3 нивоа.
Оваа програма ќе ти помогне да си ја зголемиш силата на телото, да го подобриш кардиоваскуларното здравје и да ги обликуваш мускулите. 💪
Фокусот на оваа програма е ставен на вежби за горниот и долниот дел од телото, стомачните, како и активирање на срцевиот мускул.
Скоро сите клиенти колку и да се со висок степен на мотивација, по одреден период нормално е и физички и психички да се соочат со одредени кризи, да се јави чувство на заситеност. Во тие периоди, секогаш гледам колку што може самиот клиент да биде на некој начин “лидер” во одреден дел од тренинзите со цел да почувствува поголема самодоверба, би рекол промена која би помогнала во надминување на тие одредени кризи или едноставно правиме некоја кратка пауза од тренинг процесот со цел враќање на одредена свежина и едноставно давање одмор на телото, момент што секако треба да биде присутен кај секој клиент, без оглед на целите што заеднички ги имаме поставено. 🙌
Full Body System тренинзите се идеални за сите оние што сакаат да ја подобрат својата издржливост, експлозивност и флексибилност.
Доколку би таргетирал публика, тоа би биле луѓе коишто сакаат да ја подобрат својата издржливост, да го зголемат својот VO2max капацитет, брзината, експлозивноста и секако она најтешкото – подобрување на брзинската издржливост што им носи не само подобар општ перформанс, туку и чисто тело и мускулна маса со мал процент на масти. ⚡
Користењето на MyFitKit апликацијата му помага да си ја автоматизира својата работа, истовремено посветувајќи се на повеќе клиенти.
Земајќи предвид дека на глобално ниво, фитнес индустријата расте со екстремно брзо темпо, сметам дека на овој начин и концепт вреди да му се даде шанса бидејќи сам по себе кај нас е новина, трендовски по сите светски стандарди. Ова е современ концепти и лично јас како тренер директно го поврзувам со дополнителна мотивација кај секој клиент, едноставно прави да се почувствувате дека некој се грижи за вас.
Една од неговите главни цели како како тренер што работи со професионални спортисти, но и со фитнес ентузијасти е да создаде т.н. L.T.A.D (Long Term Athlete Development).
Јас лично како тренер поимот “краткорочен бенефит” не го прифаќам. 😀 Имам крајно индивидуален пристап и секоја програма е конципирана според потребите и можностите на клиентот врз претходно направени анализи и секако директна комуникација со клиентот за време на тренажниот пристап која е клучна и често пати и главен фактор за одредени промени во веќе структурирани програми.
За да дознаеш повеќе за Стојан:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Stojan Popovski
📸 Пиши му на Инстаграм: @stojanpopovski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Stojan Popovski
За повеќе детали за MyFitKit програмата што ја води Стојан, кликни на следниов линк:
➡️ https://fitkit.trainero.com/shop/marketplace/coaches/stojan-popovski
MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.