Верица од Фит Ин: Немаме друг избор, освен да бидеме претпазливи и да продолжиме со тренинзи!

FitIn studio sala i rekviziti

Препознатливото Фит Ин финтес студиото од Кочани неодамна ги отвори вратите за своите вежбачи. 😎

Придржувањето кон здравствените препораки и социјалната дистанца ни е приоритет и ги охрабруваме вежбачите да дојдат и да се уверат во тоа, вели Верица Ѓеоргиева, инструктор по аеробик и пилатес во Фит Ин.

FitIn studio instruktor Verica

Најпрво намален е бројот на вежбачи во група според квадратурата на студиото, поставени се на неколку места средства за дезинфекција, во соблекувалната се користат заштитни маски, вежбачите доаѓаат веќе облечени во опрема и само ги менуваат патиките, а доколку има повеќе луѓе во гардеробата се чека по одреден број. Не се затекнуваат тековната и следната група и сите реквизите се дезинфецираат. Ситуацијата мора да ја прифатиме таква каква што е, сепак е предизвик за сите нас. Студиото ќе продолжи со работа според сите мерки за заштита бидејќи немаме друг избор.

Велат дека се соочиле со бројни предизвици за време на пандемијата, а еве кои биле најголемите од нив:😣

  • Дали ќе има заинтересираност за онлајн тренинзи;
  • Како да ги задржиш вежбачите и во исто време да ги одржуваш мотивирани и дисциплинирани;
  • Колку вежбачите ќе ја прифатат целата таа ситуација на подолг временски период.

Кога ги известиле вежбачите дека студиото ќе се затвори на неопределено време, голем дел од нив биле разочарани бидејќи енергијата која се пренесува во сала и онлајн не е иста, како и мотивираноста кога самиот инструктор е присутен во живо, објаснува Верица. 😷

FitIn studio Verica pilates instruktor

Сепак, како што вели таа — нема предавање, само адаптирање!

Затоа, како алтернатива на своите вежбачи им понудиле онлајн часови. 💡

Најпрво почнав со Hangouts, но поради ограничениот број на вклучѕвачи продолжив со Zoom, и на крај преку Facebook Live за да им бидат достапни тренинзите во текот на денот. Се додека законски можеме да работиме, студиото ќе продолжи со работа според сите мерки за заштита. Доколку бидеме приморани да ги затвориме повторно салите, ќе се продолжи со онлајн тренинзи или групни индивидуални броеви со ограничен број.

Им симнуваме капа за флексибилноста! 🙌

За крај, Верица со охрабрувачки апел до сите вежбачи:

Придржувајте се до сите мерки за заштита на здравјето, да нема социјално групирање за време и после вежбање, прифатете ја оваа состојба која е насекаде низ светот и останете позитивни и дисциплинирани! Што и да следува во идниот предизвик, сигурна сум дека ќе најдеме начин да продолжиме со вежбање, заедничка мотивираност и истрајност. 💪

FitIn studio tegovi

Доколку си спремен/а да се фрлиш во акција, те покануваме да го посетиш фитнес студиото на Фит Ин што се наоѓа на улицата “Григор Прличев” број 21 во Кочани.

А еве кои дисциплини ги имаш на располагање таму:

  • Функционален тренинг
  • Пилатес
  • Аеробик
  • Кардио

За да бидеш во тек со активностите на студиото или ако да прашаш за повеќе детали околу вежбањето, ова е нивниот Инста профил — @fit.in.studio.aerobic.pilates. 👈

Се гледаме во сала! 😍


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.