Kensho Mind Hub: Поинакво зен доживување во Македонија!

Kensho Mind Hub
Kensho Mind Hub

Ако бараш место каде што ќе можеш да пробаш разновидни холистички пристапи и да доживеш поразлично зен доживување, новотворениот Kensho Mind Hub е студиото кое вреди да го посетиш. 👣

За неполни 2 месеца од своето официјално отворање, овој хаб веќе ја заокружи бројката од 100 задоволни членови.

Kensho Mind Hub ги почитува сите традиции, верувања и филозофии што стојат зад јога практиката. Но, истовремено му дозволува на практикантот да ја доживее оваа древна практика на свој уникатен начин.

Kensho Mind Hub

Еве кои активности ги имаш на располагање во студиото на Kensho Mind Hub

✅ Хата јога

✅ Винјаса јога

✅ Фитнес (Total body revolution)

✅ Аштанга јога

✅ Power јога

✅ Јин Јога

✅ Пилатес

✅ Јумеихо масажи

Освен голем број на активности, една од работите што го прави уникатен Kensho Mind Hub е јумеихо масажата. 💯

Станува збор за Jапонска лековита масажа што го подобрува физичкиот и психичкиот баланс и ги ослободува болките во телото. На овој начин, со стимулација на акупресурните точки се ослободуваат блокадите на енергија во телото.

Kensho Mind Hub

Симона Константиновиќ, сопственик и инструктор во студиото, вели дека мотивацијата на клиентите е секогаш на највисоко ниво бидејќи истата ја одржуваат со одлично подготвени тренинзи, професионален однос и достапност. 💪

Освен голем број на групни активности, ја имаш и можноста да добиеш свој личен тренер. А ако направиш комбинација од повеќе активности, можеш да добиеш месечен пакет со попуст. 

Доколку те заинтересиравме и сакаш на своја кожа да ја почувствуваш хармоничната атмосфера во Kensho Mind Hub, те охрабруваме да го посетиш студиото што се наоѓа на улицата „Никола Русинки“ број 21 во населбата Карпош 3 во Скопје. 👣

Kensho Mind Hub

Поради големата заинтересираност, следната година е во план да се отвори нова локација и да се зголеми бројот на дисциплини. 🔥

За да бидеш во тек со сите новости на Kensho Mind Hub, еве како можеш да ги следиш: 

📸 Instagram: @kensho.mk

FitKit logo

Kensho Mind Hub е уште еден член на ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Закажи си час преку ФитКит апликацијата, достапна на PlayStore и AppStore. Посети го студиото на Kensho Mind Hub и пиши review како си поминал/а. 😊