ФитКит Херој на Неделата: Симона Милковска Јовановиќ

Симона Милковска Јованович
Симона Милковска Јованович

Секогаш насмеана, спремна да помогне на секого и отворена за нови предизвици. Личност што живее според мотото: Ако луѓето околу мене се среќни и задоволни, мојата работа е завршена! 💯

Запознајте ја Симона Милковска Јовановиќ од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Првата активност што ја закажа преку ФитКит е посета на спа центар. Од тогаш, ја користи ФитКит апликацијата за да се релаксира и да вежба по неколку пати неделно.

Нејзина фитнес инспирација е Шон Т – кралот на intensity тренинзите за деца и возрасни. 👑

Симона Милковска Јованович

Симона вели дека пандемијата целосно ги трансформирала нејзините навики.

Пандемијата за мене беше чекор за инспирација што ми помогна да се насочам кон здрав живот и активно вежбање. Поради добра комбинација на одмор, физичка активност и здрава исхрана, успеав да се реализирам себе како мајка. Брзиот и неквалитетен живот што го живеев пред пандемијата го правеше ова невозможно. 👶

Од сите типови на тренинзи досега, најмногу се пронаоѓа во фитнесот, бидејќи најдобро се вклопува во нејзиниот ден полн со обврски. 🏋️

Најчесто вежбам онлајн бидејќи така заштедувам на време и подобро си го организирам денот.

Деновите кога ја мрзи да вежба, само се присетува на чувството на исполнетост и достигнување што го добива по тренингот и веднаш се впушта во акција.

Симона Милковска Јованович

Како People Manager во компанијата Keitaro, Симона вели дека ФитКит е одличен бенефит за секој член на тимот. 💯

Вработените кои имаат создадено здрави навики на живот, ја користат ФитКит апликацијата како составен дел од нивниот ден. За оние кои се двоумат помеѓу седење пред телевизор или теретана, апликацијата е сама по себе мотивација да ја изберат теретаната. Сите овие предности го прави ФитКит одличен бенефит за секој член на тимот на Keitaro.

На своите колеги што велат дека немаат навика или време за вежбање им го препорачува следново:

Подобро 5 минути во движење, отколку 5 минути седење на кауч. 💪

Симона Милковска Јованович

За да дознаеш повеќе за Симона: 👩

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Simona Jovanovic

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Simona Jovanovic

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.