Теодора од Tao Te Studio: Нашите ученици се најголемата вредност која ја создаваме!

Tao Te studio
Tao Te studio

Ако бараш начин како да го пронајдеш својот “пат кон подоброто” преку јогата, студиото Тао Те ќе те пречека со раширени раце.🧘

Основано во мај 2018 година како студио за јога од затворен тип со ограничен број практиканти, поради големиот интерес, од неодамна, студиото станува достапно и за пошироката јавност.

Теодора Гушкова Проданова, oсновач на студиото и учител по јога, раскажува што ја мотивирало да стане учител по јога кога веќе има успешна кариера. ⬇️

Зошто станав учител по јога кога веќе имам успешна кариера? За да го пренесам и споделам сопственото искуство со јогата. Зошто ја сакам јогата? Затоа што ми помогна да го најдам својот пат кон подоброто во тежок период од мојот живот. Затоа што во јогата ги пронајдов сите особини на мојот карактер како сила, нежност, концентрација, енергија, издржливост, достоинство, грациозност… 🙌 

Tao Te studio

Еве која е приказната што се крие зад името Tao Te:

Името на студиото е избрано со длабока причина. Тао е „пат“ или „начин“, а Те е „доблест“. Тао Те значи пат кон доблеста, или начин кон подоброто, поубавото, посовршеното. Основен мотив да се создаде студиото Тао Те беше да го споделам сопственото искуство со јогата. Тао Те да биде место во кое практикантите преку јогата во себе ќе го најдат својот пат кон подоброто, својот личен “тао те”. Ме водеше желбата да создадам студио по највисоки стандарди, простор во каков секогаш јас сум сакала да практикувам јога. Ова е место со urban touch и чувство на fine living, во кое јогата се подразбира како уметност на убаво живеење која треба да се вклопи во модерниот начин на живот. 💯 

Од студиото откриваат како ја одржуваат мотивацијата кај своите клиенти преку континуирано одржување на нивните основни вредности и предности:

✅ Максимална посветеност на инструкторите кои ги третираат учениците како наша најголема вредност и со основна задача преку јогата да ги поддржиме во нивниот “пат кон подоброто”. 

✅ Богат избор на часови за да се вклопат во модерниот начин на живот. Сите часови се креирани за остварување на максимален бенефит на практикантите, прилагодени за сите возрасти и различна физичка подготвеност. 

✅ Континуирано подобрување, внесување на разновидност и нови светски трендови во содржината на часовите.

✅ Индивидуален пристап и грижа за потребите на практикантите, достапност за комуникација за сите прашања поврзани со јогата. 

✅ Јога во урбан амбиент, кое создава чувство на fine living кај практикантите. Место во кое јогата се подразбира и практикува како уметност на убаво живеење. 

✅ Практикување јога на место во кое не се прави компромис околу квалитетот. Со нагласен минимализам, беспрекорно чисто и едноставно. 

Tao Te studio

Во студиото Тао Те имаш можност и да си купиш простирка за јога со премиум квалитет од брендовите Manduka, Liforme и Yoga Design Lab, кои за прв пат се достапни на македонскиот пазар. 😎

Јогата не е дисциплина само за жени, а тоа го покажува и сè поголемиот број на машки практиканти кои се приклучуваат на Тао Те заедницата. 👦

Се поголем е бројот на машки практиканти кои ни се приклучуваат. Од активни спортисти до лица кои не практикуваат друга физичка активност или пак имаат одредени здравствени проблеми. Лица од различни професии, возрасти, флексибилност, физичка конституција и кондициона подготвеност. Сите оние кои го препознале нашиот пристап дека јогата не е привилегија на тенките, силните и флексибилните, туку напротив, им припаѓа подеднакво на сите без разлика на обликот и флексибилноста на телото. Нашата уникатност е во нашата разновидност. 💪

Tao Te studio

За најголемо достигнување ги сметаат јога практикантите кои преку јогата успеале да си го променат и подобрат животот.

Нашите ученици се нашето најголемо достигнување. Тоа се практикантите кои се со нас уште од нашиот прв час. Практикантите кои не пропуштаат час сите овие години. Практикантите кои ни се враќаат. Практикантите кои ја запознале јогата со нас и кои ни кажуваат како јогата им го подобрува и менува животот. 

Доколку те заинтересиравме да пробаш јога во Tao Te, те охрабруваме да го посетиш студиото што се наоѓа на улицата „Васил Ѓоргов“ број 34-1/26, спроти црквата „Свети Јован” во Капиштец во Скопје. 👣 

За да бидеш во тек со сите новости на Tao Te, еве како можеш да ги следиш на социјалните мрежи: 

📸 Instagram: tao.te.studio

👍Facebook: Tao Te

FitKit logo

Tao Te е уште еден член на ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.