ФитКит Херој на Неделата: Давид Петрушевски

Давид-Петрушевски

Тој е голем фан на бургери и личност што обожава да пробува нови места во градот и да дава рејтинзи за храна. За среќа, тој е и голем љубител на вежбањето, не само како начин за да ги потроши калориите од храната, туку и како издувен вентил од секојдневниот стрес. 🙌

Запознајте го Давид Петрушевски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Со вежбањето и спортувањето се занимавам уште од рана возраст. Како голем фан на НБА, уште од мои 5 години започнав со тренирање кошарка. Подоцна, откако се запишав на факултет и започнав со работа, со зголемувањето на обврските се префрлив на поконвенционален начин на тренинг – вежбање во теретана. Но, тренингот секогаш ми остана омилениот начин за чистење на мислите, издувен вентил од секојдневието и метод за постигнување на психо-физичкиот мир во оваа екстремно динамично време.

Иако најчесто вежба во теретана, омилена физичка активност му е планинарењето, како одличен начин на социјализирање, физички тренинг и прошетка во природа.

Песната The Game од Red Nation, најдобро ја доловува неговата фитнес рутина. 🎶

Се стремам секој ден од неделата да имам минимум 1 час физичка активност дневно. 6 дена од неделата практикувам да одам во теретана. Овие тренинзи содржат тежински тренинг, мобилити (АТГ) истегнувања и кратко кардио. 7-миот ден е посветен на активен тренинг што произлегува од мојата желба за избор на активност за тој ден – најчесто тоа се играње кошарка, трчање или планинарење (доколку времето го дозволува тоа).

За Давид, вежбањето е една од главните методи за постигнување на психофизички баланс. 

Вежбањето има улога во секој мој успех, без разлика дали е тоа кариерен, академски или спортски успех. Како најефективна физичка активност за мене би го издвоил тренингот во теретана, бидејки иако претставува статичен и за некои луѓе досаден начин за вежбање, доколку е добро програмиран и се следи строга програма за тренинг – резултатите се драстични и неизбежни. 🏋️

Тој вели дека животот е прекраток за да јадеш лоша храна.

Во принцип избегнувам типови на храна што се проблематични за мојот дигестивен систем (пецива, млечни производи, благо). Се трудам да го запазам доволниот внес на микронутриенти што ми се потребни за моето тело. Не сум голем фан на стриктни начини на исхрана (пр. кето или фастинг), бидејки верувам дека со добро балансирана исхрана може да се постигнат посакуваните резултати без притоа да се прават ригорозни жртви. 

Кога го мрзи да вежба се мотивира со гласна хип хоп музика, дупло еспресо и помислата на Леброн Џејмс. 🦸

Како мој фитнес херој би го издвоил Леброн Џејмс. Тој беше првиот НБА играч кој го следев, израснав гледајки го и сè уште, до ден денес, тој игра со истата посветеност и жар како во младите години.

Давид-Петрушевски

Ако треба да му даде еден совет на некој што допрва започнува со вежбање, ова би го рекол: ⬇️

Да биде трпелив и да не се споредува со фитнес инфлуенсери или други луѓе бидејки така се креира нереална слика за тоа што е природно возможно и може да дојде до губење на мотивацијата за тренинг.

А кога не вежба, Давид се релаксира дружејќи се со пријателите, гледајќи филм/серија или готвејќи.

Давид работи во компанијата Upshift како Devops Engineer.

Тој вели дека откако започнал да ја користи ФитКит апликацијата како дел од бенефитите за вработени, му се отворил цел спектар на активности што може да ги проба, а одговараат на неговите желби и начин на живот. 🤸‍♀️

Користењето на ФитКит ми донесе едно чувство на безгрижност, бидејќи ми овозможува избор на активност што целосно одговараат на моите моментални потреби. Имено, доколку почувствувам одредени болки или вкочанетост, можам да закажам мобилити тренинг, или, пак доколку имам вишок на енергија, можам да закажам термин за пливање. Сето ова придонесува за јас да имам здраво тело, со оглед на тоа дека имам работна позиција што може да доведе до проблеми со вкочанетост, искривување на грбот и слично поради долго седење пред компјутер.

Давид-Петрушевски

Неговата фитнес цел за 2024та година е да истрча полумаратон со време под 2 часа и 15 минути.

Во 2024, би сакал да пробам активности од тркачки и адреналински карактер, односно возење спортски автомобил на тркачка стаза и скокање од авион со падобран. 

За да дознаеш повеќе за Давид:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: David Petrushevski

📸 Пиши му на Инстаграм: @petrushevski__

🎯 Конектирај се на LinkedIn: David Petrushevski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore