Поттикната од негативните последици од долгото седење пред компјутер, таа решава да заплови во водите на фитнесот за да му ја пружи на своето тело грижата што ја заслужува.
Запознајте ја Ирмизе Ибраими, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Јогата е нејзиниот омилен начин да ги ублажи болките во телото, но и да се релаксира и да го намали секојдневниот стрес.
Започнав со вежбање гледајќи ги последиците врз моето тело од долгите часови седење пред компјутер заради работа. Омилена физичка активност ми е јогата која ми има многу помогнато за намалување на болките во грбот како последица на долго седење пред компјутер. Освен физичките придобивки, јогата те учи да си присутен во моментот, да бидеш трпелив и со мали чекори да стигнеш до големи резултати. 🧘
Благодарение на нејзината дисциплина за вежбање, освен физичките резултати и тонираното тело, Ирмизе вели дека вежбањето има огромен импакт врз нејзиното здравје и имунитет.
Нејзината фитнес рутина е следава:
Обично вежбам по 5 пати неделно. 3 пати во теретана тренинзите ми се повеќе фокусирани на долен дел од телото (2 тренинзи за долен дел и 1 за горен дел/цело тело) и 2 пати јога со фокус на целото тело. Деновите кога не вежбам, се трудам да пешачам повеќе.
Таа нема посебен режим на исхрана, но се труди да балансира со 3 оброци дневно искомбинирани со храна богата со протеини. 🥑
Ирмизе работи како Sampling Methodologist во компанијата Sample Solutions.
Таа вели дека можноста да вежба на различни локации и овозможува флексибилност за да може да си ги заврши сите работни обврски, но истовремено и да не пропушти шанса за добро да се извежба.
Откако ја користам ФитКит апликацијата, многу сум пофлексибилна со моите дневни обврски, бидејќи ретко се случува да пропуштам тренинг заради непланирани обврски. Секогаш можам да бирам место за вежбање што ми е најблиску до локацијата каде што се наоѓам во тој период oд денот.
А кога ја мрзи да вежба, еве како се мотивира:
Се потсетувам на тоа колку добро и исполнето се чувствувам секогаш после тренинг. Затоа, Ве охрабрувам да си направите план за вежбање и да се потрудите да се придржувате до истиот во времетраење од 3 месеци. На тој начин, ќе стекнете навика и ќе почнете да гледате резултати, а потоа нема да сакате да испуштате тренинг. 🚀
За да дознаеш повеќе за Ирмизе:😎
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Irmize Ibraimi
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.