Ново во FitKit: Дојди на јавање, картинг, куглање, искачување планини!

novi-fitkit-uslugi

Јавање, картинг, куглање, искачување планини, off-road тури се само дел од нашите нови активности што за прв пат ги воведуваме на нашата платформа, а гарантираме дека ќе сакаш да ги пробаш. 🤸‍♀️

Еве зошто да им дадеш шанса и да си закажеш термин:

🏇 Рекреативно јавање

Кој пробал јавање знае колку е тоа една навистина релаксирачка активност поради природниот ритам на движење на коњот. 

Ти помага да си го зголемиш чувство на моќ и контрола над својот живот, додека истовремено ти ја подобрува рамнотежата, координацијата и секако – расположението.

Сите овие придобивки можеш да ги почувствуваш ако закажеш си термин преку ФитКит апликацијата за рекреативно јавање во коњаничките клубови Animals, Ilinden или Horse Riding 1 May.

Ти гарантираме дека ова ќе ти биде едно поинакво искуство што ќе сакаш да го повториш (одново и одново).

novi-fitkit-uslugi

🎳 Куглање

Куглањето е еден од оние активности во кој што може да учествуваат луѓе од 7 до 77 години.

Освен подобрување на здравјето и подобра телесна подготвеност, куглањето ќе ти донесе многу нови пријателства, дружење и секако – развивање на тимскиот дух.

Кугланата Мусандра што сега е дел од ФитКит портфолиото, е одлично место за дружба и покажување на својот натпреварувачки дух на дело.

novi-fitkit-uslugi

🚵 Планинарење

Внатрешен мир, уживање во природните убавини на Македонија и релаксација, не се единствените причини зошто треба да планинaрите.

Оваа активност носи и бројни здравствени придобивки: 

✅ Придонесува за губење на тежината

✅ Го подобрува квалитетот на спиењето

✅ Го намалува ризикот од хронични заболувања

✅ Го намалува нивото на холестерол

✅ Го зголемува капацитетот на белите дробови

✅ Го зајакнува срцето

✅ Ги зајакнува коските и мускулите

✅ Ја подобрува работата на мозокот и расположението

✅ Го намалува стресот и депресијата

Тимот на I love hiking постојано организира нови тури за да ги истражиш преубавите планини на Македонија и да се надишеш на чист воздух.

novi-fitkit-uslugi

🏎️ Возење картинг

Има ли подобар начин да се ослободиш од наталожениот стрес и да му дозволиш на адреналинот да те понесе од возење картинг?

Опремена со најсовремен и софистициран софтвер за дигитално мерење на време по круг, Skykart патеката ти овозможува и да го покажеш својот натпреварувачки дух на дело и да бидеш запишан во историјата на натпреварувачи со најбрзо извозено време.

novi-fitkit-uslugi

📷 Off-road авантури

Дали отсекогаш си посакувал/а да ја истражиш Македонија на еден поинаков начин? Да откриеш скриени планински врвови и села? 

Фотомакедонија организира уникатни off-road тури низ земјава и ти овозможува да ги зачуваш спомените од твоите авантури благодарение на нивните современи фотографски и видео услуги.

novi-fitkit-uslugi

Па, која активност ќе ја пробаш за почеток? 😎

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore