Најчесто ќе ја најдеш на тениските игралишта, бидејќи тенисот ја учи на трпение, справување со порази, борбеност и неоткажување до самиот крај. 💪
Таа е во постојана трка со времето за да успее да ги заврши сите приватни и професионални активности. А ако би можела да избере супер моќ, тоа би било да успее да се телепортира на повеќе места одеднаш.
Запознајте ја Росана Милкова, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Како и во многу други области, така и во фитнесот, главната цел ми е да сум подобра верзија од себе во споредба со истото оваа време минатата година, минатиот месец, минатата недела. Вежбањето ми помага да се држам во колосек со здравите навики, што освен што придонесуваат за подобар физички изглед, ме прават да се чувствувам исполнето, среќно, самоуверено и секако – ми го подобруват сонот.
По голем број на дисциплини со коишто експериментирала досега, најмногу се пронашла во тенисот што и ден денес е нејзината најголема пасија. 🎾
Тенисот е еден од спортовите што бара добра ментална издржливост, исто колку и физичка подготвеност. Покрај тоа што ги активира речиси сите мускулни групи и ме држи во добра кардио кондиција, тенисот ме научи на трпение, справување со порази и борбеност до крај, за тоа што пресврт може да се случи и на match point.
Нејзината фитнес инспирација е мајка ѝ како пример за личност којашто покажува на дело дека со здрав начин на живот – нема стареење.
Песната Maneater најдобро го доловува интензитетот на нејзината фитнес рутина што изгледа вака:
✅ Понеделник и среда играм тенис.
✅ Вторник, четврток и петок се резервирани за теретана каде што тренинзите обично ги делам со фокус на различни мускулни групи.
✅ Сабота и недела сакам да поминувам време во природа – да трчам или пешачам.
Росана преферира да вежба во теретана или надвор на отворено, особено во добро друштво што ја мотивира да се предизвика себеси.
Но кога распоредот не ѝ дозволува да одвои повеќе од 30 минути, знае да извежба и од дома.
Со знаењето стекнато од претходното искуство сама си правам распоред за вежбање. Постојано се трудам да се едуцирам на темата фитнес и исхрана. За оние коишто допрва започнуваат со било каква физичка активност, сметам дека е најдобро да се советуваат со професионално лице во областа коешто ќе ги насочи на правиот пат. Јас имав среќа во фамилијата секој да ме научи по нешто, со татко ми почнав да играм тенис, мајка ми ми створи навика на трчање, брат ми ме зарази со вежбање во теретана, итн. 😊
Росана работи како Software Engineer во компанијата Netcetera.
Таа вели дека вежбањето преку ФитКит како бенефит за вработените навистина ѝ помага да си го зголеми фокусот, концентрацијата, служи како добар начин за ослободување на наталожениот стрес и секако – поголема продуктивност со правење помалку пауза поради болки во грбот и половината.
Првата активност преку ФитКит апликацијата ја закажала во фитнес студиото на хотел Парк. Од тогаш, таа ни е еден од најредовните вежбачи. 🏆
За ФитКит можам да кажам дека е апликација што вежбањето го претвора во забава за сите вкусови со изоблиството на различните активности што го нуди.
Со ФитКит како дел од бенефициите за вработени, компанијата покажува дека се грижи за физичкото и менталното здравје на вработените, давајќи им можност да се дружат надвор од работното време преку забавни активности, смета Росана.
Штета е да не се искористат можностите што ни се на располагање за подобрување на сопственото здравје, физичкиот изглед и на целокупната благосостојба. Секој почеток е тежок, но штом почнеш да ги чувствуваш бенефитите од вежбањето, ќе се запрашаш зошто не си започнал/а порано. Затоа, вистинското време за почеток е токму денес! 💯
За да дознаеш повеќе за Росана:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Rosana Milkova
📸 Пиши му на Инстаграм: @rosanamilkova
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Rosana Milkova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.