Го има пробано секој вид на бургер што постои во Скопје, а да не беше ФитКит и вежбањето, најверојатно хоби ќе му беше професионално дегустирање на бургери. 🍔
Запознајте го Андреј Попов, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
По повреда на при натпревар по кошарка, не можев да играм повеќе и навистина се здебелив. Единствената опција ми беше да почнам да вежбам, ако не сакам да станам 200 кила. 🤭
Иако повеќе не се занимава професионално со кошарка, сепак, тој ужива во играње баскет со својата екипа и кревањето тегови во теретана.
Песната од Миле Китич – „Кило доле кило горе” најдобро ја доловува динамиката на неговата неделна фитнес рутина што изгледа вака:
Вежбам 6 дена неделно (push, pull, legs по 2 дена), а 7от ден одмарам. Еден мој тренинг започнува со кратко динамично истегнување, потоа следуваат 2 до 3 сложени движења и на крај завршувам со уште 2 до 3 изолациони вежби (сериите и повторувањата варираат поради различни фактори).
Благодарение на вежбањето и својата посветеност, Андреј успеал да намали дури 20 екстра килограми. 🤯
Со вежбање, успеав да намалам ослабел 20 килограми што ми помогна многукратно да си ја зголемам самодовербата и да воочам дека не сум бил направен од сало, туку сум имал и доста мускулна маса.
Чучњевите се најефективната вежба за него што му помогнала за уште подобар перформанс при баскетот.
Најефективна вежба за мене се чучњевите, затоа што ми помагаат во добивање на сила во нозете и експлозивност што се од корист при играње баскет. 🏀
Андреј работи како DevOps Engineer во компанијата Netcetera.
Тој вели дека користењето на ФитКит како дел од придобивките за вработени имало многу позитивен импакт врз него, зголемувајќи ја неговата продуктивност и енергија да ги заврши работните обврски.
Првата активност што Андреј ја закажал преку ФитКит е фитнес во теретаната Lifestyle.
Откако започнав да ја користам ФитКит за закажување тренинзи, станав многу поредовен вежбач и се запознав со различни дисциплини за вежбање како кросфит, функционално вежбање, итн.
Смешните ситуации се неизбежен дел од вежбањето во фитнес студио:
Кога еден наш познат пејач во теретаната Lifestyle нѐ учеше како се прави “мечкин скок” што завршува со колут напред што го учел додека бил во војска. Во тој момент цела теретана прекина со вежбање и сите почнавме да се натпреваруваме кој од нас најдобро ќе направи “мечкин скок”. 😅
Christian Guzman e неговиот фитнес херој којшто го има научено како со дисциплина и напорна работа може да се трансформира човековото тело.
Christian Guzman е човекот кој прв почнав да го гледам на YouTube кога почнав да вежбам. Тој покажува како успева да изгледа феноменално, a воедно i да води мултимилионски бизнис.
А кога го мрзи да вежба или не му е денот, еве како се мотивира:
Само размислувам на чувството што ќе го имам откако ќе завршам со вежбање и дека ќе можам да се наградам со една протеинска вафла од Фитнес Хаус (550 калории). 🧇
До крајот на 2024та година, Андреј ќе се стреми да истрча полумаратон и да ја достигне посакуваната летна форма на телото. И mountain biking му е на листата активности што планира да ги проба овие месеци.
Започни со вежбање, не се срами од ништо и никого. Слободно прашувај ги поискусните за совети за вежбање. Ќе бидат среќни да ти помогнат и нема да те осудуваат бидејќи си ги прашал. 🙌
За да дознаеш повеќе за Андреј:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Andrej Popov
📸 Пиши му на Инстаграм: @andrejpopov_
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Andrej Popov
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.