Иако тренирал фудбал уште како мал, дури откако се здебелил, тој станал вистински вљубеник во физичката активност, барајќи ефективен начин како да си го одржува своето тело здраво и витално на долг рок.
Запознајте го Бошко Џепароски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Навиката за вежбање ја имам уште од мали нозе. Полупрофесионално тренирав фудбал повеќе од 12 години. Пресвртната точка за во континуитет да вежбам повеќе од 2 години е моментот кога се здебелив 15 килограми.
Но, благодарение на неговата посветеност и дисциплина да биде својата најдобра верзија, за краток период, Бошко бил сведок на одлични резултати што ги постигнал преку вежбањето. 🏋️
Сметам дека вежбањето и физичката активност имаат многубројни придобивки што ги имам почувствувано лично кај мене. Покрај губењeто на килограмите, вежбањето ми помогна во подобрување на расположението, полесно справување со стресот, ми дава повеќе енергија за справување со секојдневните обврски и многу друго.
Денес, тој ги одржува овие резултати преку редовни фитнес тренинзи, пливање и пешачење. 🚶
Вежбам од 4 до 5 пати неделно, а тренинзите си ги распоредувам според мускулната група. Песната Stronger од Kanye West најдобро ми ја опишува мојата фитнес рутина.
Тој нема конкретни фитнес цели, туку постојано се стреми да биде што поактивен и редовен во теретана. А на листата на активности што би сакал да ги проба до крајот на годината се наоѓа и кросфит.
Првата активност што Бошко ја закажал преку ФитКит апликацијата е вежбање во теретана, бидејќи во тој момент неговиот фокус бил на тежински тренинзи.💪
Она што најмногу ми се допадна кај ФитКит е можноста за посета на повеќе активности преку една апликација.Со ФитКит започнав редовно да посетувам теретана и пливање, како и спа и масажи. Со редовното вежбање и релаксација се чувствувам монгу попродуктивно и имам повеќе енергија од претходно за сите приватни и професионални обврски.
Покрај вежбањето, Бошко практикува фастинг 16/8 и секогаш се труди да внесува здрава, богато-нутритивна и балансирана исхрана. 🥑
Има денови кога навистина ме мрзи да одам да вежбам или пак, се чувствувам многу уморно. Но, во тие моменти секогаш си велам дека е подобро да се појавиш и да извежбаш колку што можеш. Бидејќи после тренингот секогаш се чувствувам поубаво. Затоа, не се откажувајте дури и кога немате мотивација! За секој резултат е потребно време.
За да дознаеш повеќе за Бошко:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Bosko Dzeparoski
📸 Пиши му на Инстаграм: @boskodzeparoski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Boshko Djeparoski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.