Toj e зависник од спорт, авантура и природа, желен и спремен за буткање преку сопствениот максимум. 💪
Стои цврсто на ставот дека треба секогаш телото да го туркаме да бара повеќе и повеќе вежбање, наместо да бидеме во комфорт зоната и да стагнираме.
Запознајте го Александар Крушарев, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Отсекогаш сум се занимавал со некаков спорт. Не памтам (подолг) период во животов да сум бил без спортување. Дали било тоа кошарка, пливање, бокс, планинарење, бразилско џиу џитсу, итн. Цело време сум “движел”. Моментално сум активен во кросфитот. Пресвртната точка ми беше кога увидов дека моето (а најверојатно и општо човековото) тело консумира колку ќе му дадеш. Ако имаш минимална физичка активност, телото е во комфорт зона и тука стагнира. Додека ако го буткаш, дури некогаш (кој може да си дозволи) и до екстрема, ќе консумира се повеќе и ќе бара сѐ повеќе. Таа “алчност” на телото за да бара повеќе како што поминува времето и се навикнува на тоа што му го приредуваш, ми е една од работите што ме држат во спортот.
Кросфит е дефинитивно неговата омилена физичка активност без која што не може да си го замисли денот. 🏋️
Моментално додека го одговарам прашалникот за ФитКит херој, сум на одмор и првото нешто што го направив кога резервирав карта, беше барање кросфит сала во близина каде што престојувам. Зошто? Па најверојатно повторно заради тој момент што овој спорт бара да се излезе од границите на комфорот и да се оди напред, за после секој тренинг да се биде сѐ подобар и на малку повисоко ниво од претходниот. Друга омилена активност е качувањето карпи, релативно нова активност за мене. Но, сум сакал да ја практикувам од многу одамна и конечно пред некоја година ми се оствари и таа желба.
Песната од „Оливер Мандиќ – Смејем се, а плакао бих”, најдобро ги доловува динамиката и интензитетот на неговата неделна фитнес рутина што изгледа вака:
Вежбам 6 пати во неделата, а недела ми е ден за одмор, иако некогаш (доста често) го прескокнувам. 😅 Тренинзите ми се состојат од 3 пати кросфит, 3 пати тренинзи со кои работам на зајакнување на целото тело и превенција од повреди, коишто ми помагаат како за кросфитот, така и за секојдневното функционирање. Секој тренинг ми е различен. Најпрво е секогаш загревање, каде се “буди” телото и му се дава до знаење дека го чека некаков напор. Потоа, зависно од денот, се работи техника, сила, кондиција, гимнастика. Крајот на тренингот секогаш завршува со истегнување, кое јас претпочитам да биде подолго, како би му се помогнало на телото да се опушти после физичката активност.
Благодарение на вежбањето, Александар може да се пофали дека е во најдобра форма и физичка спремност од кога памети за себе. 🏆
Тој смета дека токму планинарењето, како една од првите физички активности, доста му влијаела да има цврст и непокорлив карактер.
Кога ме мрзи да вежбам, се мотивирам со тоа што знам дека ќе ми биде криво ако одберам да не вежбам. Па одам на тренинг, макар и да не излезе максимум од тренингот, што се нема случено досега. Со самото стапнување во сала, ја снемува мрзата.😁
Неговиот фитнес херој и извор на инспирација е дедо му, личноста што го навлекла на здравиот и активен начин на живот.
Дедо ми е еден од луѓето кој што ме има запознаено со спорт, физичка активност и дисциплина. Гледајќи што сѐ прави до негова 80 и нешто годишна возраст, сеќавајќи се на него, ми беше и сѐ уште ми е мотив да буткам секогаш плус од она што мислам дека го можам.
Првата активност што Александар ја закажал преку ФитКит апликацијата е АТГ тренинг.
Се погоди да на некој начин “морам” да почнам со тие тренинзи поради повреда, имајќи на ум дека после санирање на истата ќе продолжам со кросфитот. Така се решив да почнам со користење на ФитКит апликацијата. ФитКит ми помогна да ги имам сите активности на едно место и да можам да следам кога, каде и што вежбам. Бидејќи сѐ е стокмено како што треба, не лутам со чланарини на повеќе места, сѐ си е тука на едно место и лесно достапно.
За личност чијшто втор дом се фитнес центрите, смешните ситуации се неизбежен дел од тренинзите.
Пред некоја година, на тренинг успеав да кренам килажа што не очекував во моментот дека ќе ја кренам. Од изненадување од самиот себе, не успеав да ја завршам комплетно вежбата. 😅
Резултатите од вежбањето ги комплетира со свој вид на фастиг што му се покажал како доста ефективен.
Не постои такво нешто како “не можам”. Треба да се даде шанса на себеси и на нештото. Сѐ се може, само секој во рамките на своите можности, но без откажување. Тежок е процесот и периодот на навикнување на физичка активност, но упорноста ќе се исплати на крај, во тоа сум 100% сигурен!
За да дознаеш повеќе за Александар:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Александар Крушарев
📸 Пиши му на Инстаграм: @aleksandarkrusarev
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Aleksandar Krusharev
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.