Барал начини како да си го подобри своето нарушено здравје, сѐ додека не сфатил дека одговорот цело време бил пред него – здрава исхрана и редовно вежбање!💡
Запознајте го Владимир Ристевски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Денес, Владимир не може да го замисли денот без физичка активност, а омилени активности му се веслање на SUP даска и планинарење.
Гледам минимум 3 пати неделно да одам во теретана каде што вежбам со личен тренер, а останатите денови се трудам да пешачам што е можно повеќе, a барем еднаш неделно и да се качам до врвот на Водно.
Машина за веслање е справата што е се покажала како најефективна за неговата фитнес рутина. На овој начин, не само што ги активира речиси сите мускули, туку и му е многу забавно.
Иако порано не можев ниту сто метри да истрчам – ја истрчав трката од 5 километри на маратон за 34 минути без никаква подготовка од претходно. Ова не е нешто импресивно, ама за мене е неверојатно. 🏃♀️
Резултатите од редовното вежбање ги комплетира со балансирана исхрана што е најблиску до хроно диетата.
Кога треба да вежбам, си ги ставам термините во календар. На овој начин, знам дека тогаш морам да одам во сала. Знам дека ако скокнам тренинг ќе ми биде многу криво, бидејќи без вежбање ќе се чувствувам уморно и без енергија.
Првата активност што Владимир ја закажал преку ФитКит апликацијата е термин за фитнес во Парк, бидејќи тоа му е омилено место за вежбање. 🏋️
Откако започнав да ја користам ФитКит, почнав подобро да си го планирам времето и да бидам конзистентен во вежбањето. Најчесто одам да вежбам пред работа, а потоа цел ден сум полн со енергија.
До крајот на 2024та година, Владимир ќе даде сѐ од себе да остане во добра физичка форма и од ден на ден да се подобрува по малку. Тој би сакал и повторно да се врати на некоја боречка вештина како кога бил помлад. 🥊
Потруди се да одиш и да извежбаш колку што можеш. Не е победа да направиш видлив резултат. Победа е да ти биде интересно вежбањето, па макар било тоа и 10тина минути на ден.
За да дознаеш повеќе за Владимир:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Vladimir Ristevski
📸 Пиши му на Инстаграм: @vlatkoristevski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Vladimir Ristevski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.