Едина е активен спортист кој подолго време се занимава и го проучува фитнес светот. Тренинзите се базираат на зајакнување на мускулатурата на целото тело, а најмногу внимание ќе посветите на јадрото (core), (екстензорите на грбот, абдоменот, латералните мускули на трупот и мускулите на колкот) каде се наоѓа центарот на гравитација на телото и каде започнуваат сите движења.
Тренинзите се составени од кружен протокол каде што паузата помеѓу вежбите е кратка, со цел да задржиш повисок пулс во текот на целиот тренинг, со што ќе ја подобриш целокупната кардиоваскуларна состојба. Покрај тоа, овој тип на тренинг ја зголемува мускуларната издржливост и силата, како и го подобрува тонусот и дефиницијата на самите мускулите. Единствениот лимит е твојот ум, замисли си повеќе.
Процесот е следен:
- Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
- Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
- За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.